НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс - Канал 5

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс

НБА може да ја промени својата политика за спортско обложување по апсењето на бекот на Мајами Хит, Тери Розиер и тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс, поради нивната наводна улога во коцкарска шема.

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс

- Со оглед на експанзијата на легалното обложување во повеќето американски држави, повторното појавување на проблемите со интегритетот во спортот и појавата на нови формати и пазари за обложување, сега е вистинското време темелно да се преиспита начинот на кој треба да се регулира спортското обложување. Истото тоа се однесува и на лигите најдобро можат да се заштитат себеси, своите играчи и своите навивачи, стои во меморандумот од НБА испратен до клубовите, објавија медиумите во САД.

За еден од најголемите скандали во НБА, е покрената федерална истрага за нелегален обложувачки круг поврзан со организиран криминал. Триесет и четири осомничени лица се моментално под истрага, вклучувајќи ги Розиер, Билапс и поранешниот играч на НБА, Дејмон Џонс.

ФБИ објави дека истрагата се водела повеќе од една година, при што биле следени паричните текови и откриени докази дека НБА-играчи биле користени за местење на натпревари и намамување на нови учесници во наместени покер игри. Професионални спортисти, според сведошта, биле принудувани да напуштаат терени за да се исполнат облозите.

Во шемата, што траела од декември 2022 до март 2024 година, биле вклучени и компании за обложување кои, преку злоупотреба на доверливи информации од НБА, добивале огромни добивки. Мафијашките семејства ја контролирале логистиката, собирале пари од приходите и добивале процент од добивката./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи

Јужна Европа и натаму е во пламен. Разорните шумски пожари и натаму беснеат во повеќе европски земји, оставајќи зад себе уништени домови, опожарени шуми и илјадници евакуирани жители и туристи. 

Тројца пожарникари загинаа во пожарите кои беснеат во Грција, најкритично на Крит и Пелопонез, евакуирани туристи

Најтешка е состојбата во Грција, каде што во борбата со огнената стихија животот го загубија тројца пожарникари.

На југот на островот Крит беснеат најголемите пожари. Двајца пожарникари загинале откако со службеното возило ја изгубиле ориентацијата во густиот чад, додека уште еден нивен колега бил пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на Пелопонез. Причината за неговата смрт сè уште не е соопштена.

Поради силните ветрови, хеликоптерите и противпожарните авиони привремено ги прекинаа летовите, што дополнително ја отежна борбата со пожарите. Евакуирани се неколку населени места, а околу 6.000 туристи биле погодени од евакуациите.

Грчките власти предупредуваат дека опасноста останува исклучително висока и во наредните денови.

-Во името на целиот владин кабинет изразувам длабоко сочуство кон семејствата на загинатите пожарникари, кои ги загубија своите животи во борбата со пламените јазици, додека се обидуваа да ги спасат животите на своите сограѓани, и нивните домови. Државата ќе ги одликува со најголеми почести. Владата ќе застане зад нивните семејства и ќе ги зајакне акциите со кои ќе се превенираат ефективно заканите од климатската криза – изјави Мицотакис.

Во Франција пак, пожарникарите се борат со десетици активни пожари. Во јужниот департман Вар се евакуирани неколку стотици жители, а нови огнени жаришта се регистрирани и во шумите, јужно од Париз, каде што веќе изгореле повеќе од 120 хектари.

Во регионот кај Бордо, каде што пожарите ова лето уништија околу 42 илјади хектари, состојбата постепено се стабилизира и властите најавуваат враќање кон нормален живот.

Во исто време нови пожари се шират и во Шпанија. Најкритично е во Националниот парк на границата со Португалија, каде што се евакуирани дванаесет населени места и речиси илјада жители. Иако во делови од земјата мерките постепено се укинуваат, околу 9.500 луѓе во регионот на Мадрид сè уште не можат да се вратат во своите домови.

Со пожарите се бори и Турција. Во туристичката област Анталија противпожарните екипи веќе неколку дена интервенираат на повеќе жаришта, а дел од населението е евакуирано како мерка на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

 Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

Пионерите на транс музиката, диџеите Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 август-Илинден во Битола, а завршува на денот на независноста, 8 септември во Скопје.

Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер