ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар
1ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во Гостивар
КошаркаНБА: Мајами изгоре во пеколот во Сан Антонио Кошаркарите на Сан Антонио поведоа со 1-0 во финалето на НБА лигата откако ноќеска го совладаа Мајами со 110:95 (26:20; 28:29; 20:29; 36:17). Ова воедно е реприза на ланското финале во кое играа истите два тима.Натпреварот беше решен во последната четвртина кога домаќинот го презеде водството со 90:88 по двете тројки на Дени Грин. Во тој период првакот Мајами играше без првиот играч Леброн Џејмс, кој се пожали на повреда што е сериозен проблем за екипата на Мајами. Во последната четвртина „мамузите“ промашија само два шута. Најефикасен на натпреварот беше Џејмс со 25 поени, додека кај победникот пет играчи имаа двоцифрен број поени, а ги предводеше Тим Данкан со 21. Следниот натпревар се игра во недела навечер (8.јуни).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС, кој денес печали поени и глуми грижа за граѓаните, со години молчеше за небезбедната вода во ГостиварГраѓаните на општина Гостивар со години, додека на власт беше предавничката СДС, пиеја небезбедна вода.И додека гостиварчани се труеја со загадена вода за пиење, талогот на СДС, кој денес глуми загриженост, само за да ќари некој беден политички поен, со години молчеа. Иако тогаш направените анализи, во повеќе наврати во гостиварскиот водовод, утврдија небезбедна вода за пиење и со присуство на зголемен број на колиформни бактерии, никој од тогашната власт на СДС, ниту Филипче, ниту пак нивните локални коалициски партнери не излегол со предупредување да не се користи водата. За ваквата состојба постојат документи, кои, изминатите денови ги споделивме со јавноста и во нив јасно се покажува дека надлежните институции, во време на власт на СДС, располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Наместо да преземат мерки за да изнајдат решенија и да ги информираат граѓаните, тогашните власти без никаква грижа на совест дека можат да го загрозат здравјето на граѓаните, ги оставија гостиварци да пијат вода која не ги задоволува условите за питка вода. Имајќи го предвид ваквиот институционалниот и партискиот молк, прашуваме со кое лице и кредибилитет сега бараат одговорност за нешто со години не го решиле, ниту реагирале предавничката СДС и на Венко Филипче? Наместо сега да креираат хистерија и врз здравјето на граѓаните да печалат поени, треба јавно да излезат и да одговорат зошто додека СДС била власт, не ги известиле граѓаните за наодите од анализите и колку од тие случаи биле целосно отстранети? Тоа се истите луѓе кои со години беа власт и ништо не направија, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Таквиот театар на талогот и остатокот во СДС и Венко Филипче, не поминува, граѓаните заслужуваат одговори зошто ништо не направиле додека ја имаа целата власт и институционална моќ во нивни раце. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозии во Ормускиот ТеснецТанкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина. UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс. Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец. अदन की खाड़ी में टैंकर के पास जोरदार धमाका, लाल सागर में समुद्री सुरक्षा खतरे में अदन के दक्षिण-पूर्व में टैंकर के पास धमाका सुना गया। हूती विद्रोहियों द्वारा जहाजों पर हमलों की घटनाओं के बीच लाल सागर में तनाव बढ़ता जा रहा है। क्रू सदस्य सुरक्षित हैं।#RedSea… pic.twitter.com/PjMyZFBxI2 — News 4 Social - Talk About Latest Trend (@newsforsocial) August 6, 2026 Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook