3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
КошаркаНБА лигата ги казни Чикаго и Мајами за нелегални трансфериНБА лигата заврши со повеќемесечните истраги за сомнителни трансфери ова лето и ги казни Чикаго Булс и Мајами Хит со одземање на првиот следен пик од втората рунда на драфтот кој им бил достапен.Трансферите на Лонзо Бол од Њу Орлеанс во Булс и Кајл Лоури од Торонто во Хит беа објавени само неколку минути по официјалниот почеток на преодниот рок ова лето, што значи дека тие беа договорени пред воопшто да се дозволат преговорите. Двајцата играчи пристигнале во новите клубови преку sign-and-trade, односно со потпишување договор со стариот клуб пред размената, наместо директно со новиот клуб, кој го донел посакуваниот играч и покрај ограничувањата на платата. Но, иако sign-and-trade е совршено легален начин за доведување нови играчи, преговорите не смеат да започнат до официјалното отворање на преодниот рок, па веднаш било јасно дека двата клуба ги прекршиле правилата. Затоа и не е јасно зошто на НБА лигата и требало толку долго да дојде до тој заклучок. The NBA announces slap-on-the-wrist penalties for Chicago and Miami in the sign-and-trades it had been investigating since August involving Lonzo Ball and Kyle Lowry. Both teams only lose one second-round pick each. pic.twitter.com/b4a70zrHNO — Marc Stein (@TheSteinLine) December 1, 2021 Не е јасен ниту критериумот според кој се казнуваат ваквите престапници, бидејќи многумина поминаа без санкции во слични случаи, а други биле казнети многу построго. Така, минатата година Милвоки Бакс објавија предвреме потпишување и трејд за Богдан Богдановиќ од Сакраменто, а НБА го откажа трансферот и ги казни Бакс и финансиски и со лишување од избор на драфтот во втората рунда. Српскиот кошаркар заврши во Атланта, а Бакс и без посакуваното засилување успеаја да ја освојат првата шампионска титула по 50 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаНа 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија. Тагови: артилериска стрелба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот МуцунскиСДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“. Денес излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови. Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката. Затоа уште еднаш, сосема едноставно: СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“. Не наслов. Не интерпретација. Изјавата. Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЗдравјеПациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплатаСтанува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи.Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Станува збор за лек од особено значење за пациентите со трансплантирани органи, кои оваа терапија ја користат долгорочно и за кои континуираната и финансиски достапна терапија е од исклучителна важност. Во рамки на активностите за проширување на изборот на лекови без доплата, Фондот претходно вклучи дополнителни лекови со генеричкото име mycophenolic acid во Шифрарникот на лекови. На тој начин, покрај поголемиот избор за осигурениците, беше создадена и реална конкуренција на пазарот, што придонесе за намалување на цената на Myfortic. Како резултат на ваквиот пристап, цената на Myfortic од 180 mg е намалена за 291 денар, а на Myfortic од 360 mg за 2.012 денари Со предложеното усогласување на референтните цени, осигурениците нема да ја плаќаат доплатата од 615 денари за Myfortic од 180 mg, односно 1.439 денари за Myfortic од 360 mg, а лекот во двете јачини ќе им биде достапен без доплата по стапувањето во сила на одлуката. Истовремено, благодарение на претходно постигнатото намалување на цените, проектираната заштеда за Фондот само за втората половина од 2026 година изнесува околу еден милион денари. Со тоа Фондот ја постигнува една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција и пониски цени, без финансискиот товар да се префрли врз пациентите, а со истовремено порационално користење на средствата од здравствениот буџет. Со тоа Фондот ја постигна една од клучните цели на воведувањето дополнителни лекови на Позитивната листа – поголема конкуренција, намалување на цените и порационално користење на средствата од здравствениот буџет. Во меѓувреме, Фондот доби официјално известување од носителот на одобрението дека двата алтернативни лека на производителот STADA, кои беа вклучени во Шифрарникот како лекови без доплата, во моментот не се достапни на домашниот пазар поради производно-технички причини. Со нивната недостапност на пазарот, пациентите повторно би биле изложени на доплата за достапната терапија со Myfortic. Имајќи предвид дека станува збор за специфична категорија пациенти на кои им е неопходен континуитет во терапијата, Фондот пристапи кон изнаоѓање решение со кое дополнителниот финансиски товар нема да падне на осигурениците. По иницијатива на Директорот на Фондот, м-р Златко Перински, кој веднаш по преземањето на функцијата на ова прашање му даде приоритет. Во координација со Министерството за здравство, стручните служби на Фондот ги направија потребните финансиски анализи и подготвија решение со кое Myfortic во двете јачини повторно ќе биде достапен без доплата за осигурениците. Предлогот предвидува усогласување на референтните цени на Myfortic од 180 mg и 360 mg на ниво што ќе овозможи осигурениците да не доплаќаат за лекот. Истовремено, и со ваквото усогласување, трошокот на Фондот за оваа терапија ќе остане понизок во однос на периодот пред постигнатото намалување на цената на Myfortic. Материјалот ќе биде доставен на разгледување до Управниот одбор на Фондот на првата наредна седница. по што шифрарникот на лекови ќе се објави на веб-страната на Фондот. Со ова осигурениците ќе можат да го подигнуваат Myfortic од 180 mg и 360 mg без доплата. Со предложеното решение, Фондот истовремено ги штити пациентите од дополнителен финансиски товар и обезбедува поодговорно користење на средствата од здравствениот буџет. Пациентите ја добиваат потребната терапија без доплата, а Фондот за истиот лек издвојува помалку средства во однос на периодот пред намалувањето на неговата цена. Фондот ќе продолжи активно да ги следи состојбите на пазарот на лекови и да презема мерки со кои конкуренцијата и рационалното управување со средствата ќе се преточуваат во конкретна придобивка за осигурениците – поголема достапност до потребната терапија и помал финансиски товар за пациентите.Тагови: Myfortic Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21