Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
2Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
3Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
НБАНБА лига: Само Денвер победи на гостински теренНа четирите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата единствената победа како гостин ја оствари Денвер и тоа на теренот кај Оклахома Сити, една од трите екипи кои имаат 50 победи. Решавачката предност гостите ја направија во второто полувреме (третиот период) кога Окалоха Сити постигна скромни 16 поени. Најефикасен беше Тај Ловсон со 25 поени, а Андре Милер реализираше 20 поени (рекордни сезонава), од кои 13 во последниот период и со тоа на најдобар можен начин го прослави својот 37.ми роденден. Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Индијана - Орландо 95:73, Милвоки - Портланд 102:95, Оклахома Сити - Денвер 104:114 и Сакраменто - Лос Анџелес Килперс 116:101. Двојки за вечерва: Шарлот - Торонто, Кливленд - Мајами, Њујорк - Орландо, Атланта - Милвоки, Мемфис - ОКлахома Сити, Њу Орлеанс - Бостон, Хјустон - Јута, Далас - Бруклин, Сан Антонио - Голден Стејт, Феникс - Вашингтон и Лос Анџелес Клиперс - Филаделфија. Пласман Источна конференција: Мајами 52-14 (победи-порази), Индијана 42-26, Њујорк 39-26, Бруклин 39-28, Атланта 37-30, Чикаго 36-30, Бостон 36-30, Милвоки 34-32,... Пласман Западна конференција: Сан Антонио 51-16, Оклахома Сити 50-18, Мемфис 45-21, Лос Анџелес Клиперс 46-22, Денвер 47-22, Голден Стејт 39-30, Хјустон 36-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-33, Јута 34-33,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПлаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилемиИдејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати? Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор. - Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати. - Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите. - Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори -Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00