НБА лига: Мајами повторно води против Индијана - Канал 5

НБА лига: Мајами повторно води против Индијана

Шампионот во НБА лигата, Мајами ноќеска оствари триумф на гостувањето кај Индијана и повторно поведе во финалето на Источната конфренција овојпат со 2:1 во победи.

НБА лига: Мајами повторно води против Индијана
Како што јави МИА, Мајами славеше со 114:96, откако сите четири четвртини ги реши во своја корист. За Индијана ова беше прв пораз на домашен терен во плеј офот.

На полувремето Мајами водеше со 14 поени разлика (70:56), а во тој период Леброн Џејмс постигна 18 од своите 22 поена. Комплетната стартна петорка на Мајами имаше двоцифрен учинок.
Кај Индијана најефикасен беше Дејвид Вест со 21 поен.
Следниот натпревар Индијана – Мајами се игра во вторник навечер, а вечерва играат Мемфис и Сан Антонио во финалето на Западната конференција. Сан Антонио води со 3:0 во победи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поднесено обвинение против Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.

Поднесено обвинение против Артан Груби

Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра.

Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото.

Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија  Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од домашен притвор, со гаранција од 500 илјади евра и мерки на претпазливост како што потврдуваат од скопскиот Кривичен суд Ѓорѓиоски депонирал банкарска

Со гаранција од 500 илјади евра екс претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор

Дополнително и Обвинителството дало позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата и укинување на притворот.

По ова Ѓорѓиоски ќе го очекува продолжувањето на судската постапка со определените мерки на претпазливост. Притворот е укинат и за уште две лица – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост.

Во истиот предмет е опфатен и поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција во висина од 1.000.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шумски пожари беснеат во Албанија

Албанското министерство за одбрана синоќа соопшти дека во земјата и натаму се активни девет жаришта на шумски пожари, при што пожари се регистрирани во регионите Дебар, Тирана, Драч, Корча и во Ѓирокастро.

Шумски пожари беснеат во Албанија

Според министерството, околу 450 припадници на службите моментално се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарите и во справувањето со активните жаришта.

Најголем број сили се распоредени во областа лура во регионот Дебар, каде што се ангажирани околу 200 луѓе, додека властите продолжуваат со напорите да го стават пожарот под контрола.

Најновите информации од министерството доаѓаат во момент кога противпожарните екипи и натаму се ангажирани на повеќе места низ земјата. Властите ја следат состојбата и ги координираат активностите во погодените подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер