3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
НБАНБА лига: Домаќините немилосрдни, славеа победи на четирите натпревари Во кошаркарската НБА лига, ноќеска беа одиграни само четири натпревари, а сите завршија со победа на домашните тимови.Во дербито на вечерта, Оклахома Сити пред своите навивачи убедливо ја победи Атланта со 107-94. Тандемот Дурант-Вестбруик заедно реализираа 43 поени и на Оклахома и ја донесоа четиринаесеттата победа сезонава. Кевин Дурант средбата ја заврши со „трипл-дабл’’ учинок од од 25 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Расел Вестбрук со „дабл-дабл“ па покрај 23 поени имаше и 10 асистенции. Кај гостите за кои ова беше десетти пораз, најефикасен беше Баземор со 22 поени. Домашниот терен се покажа како предност и на останатите натпревари, па така, Бруклин со 100-91 ја победи Филаделфија. Победи со три поени разлика оствари, Чикаго над ЛА Клиперс 83-80, а најнеизвесно беше во Сакраменто каде „Кингси’’ со 99-97 го победија Њујорк. Источна конференција: Кливленд 14-7 (победи-порази), Шарлот 13-8, Торонто 14-9, Индијана 12-8, Чикаго 12-8, Мајами 12-8, Бостон 13-9, Атланта 14-10.... Западна конференција: Голден Стејт 23-0 (победи-порази), Сан Антонио 18-5, Оклахома Сити 14-8, ЛА Клиперс13-10, Мемфис 13-10, Далас 13-10, Јута 10-10, Хјустон 11-12 .../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter