НБА: Лидерот на Западот подобар од водечкиот тим во Источната конференција

Во најсилната светска кошаркарска лига синоќа се играа пет натпревари, а на еден од нив шампионот и лидер во Западната конференција, Голден Стејт беше поуспешен од првопласираниот на Истокот, тимот на Кливленд.

Во градското дерби на Лос Анџелес, Клиперс беа подобри од Лејкерс.

Постигнати резултати:

Мајами – Њу Орлеанс 94:88 (по продолжение),

Оклахома – Чикаго 96:105,

Голден Стејт – Кливленд 89:83,

Хјустон – Сан Антонио 88:84,

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 84:94.

Вечерва се играат 13 натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 19-8 (победи-порази), Атланта 19-12, Мајами 17-11, Торонто 18-12, Чикаго 16-11, Орландо 17-12, Индијана 16-12, Детроит 17-13,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 28-1, Сан Антонио 25-6, Оклахома Сити 20-10, ЛА Клиперс 17-13, Далас 16-13, Мемфис 16-15, Хјустон 16-15, Јута 12-15,.../МИА

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер