НБАНБА: Леброн Џејмс прв пат од 2007 постигна помалку од десет поени Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа синоќа Торонто со 123-120 на гостински терен, а победата ја обезбеди Руи Хачимура, постигнувајќи тројка со звукот на сирената што означи крај на натпреварот.Леброн Џејмс асистираше при победничкиот кош со својата 11 асистенција на натпреварот. Џејмс го заврши натпреварот со осум поени со што ја прекина својата серија од 1.297 последователни натпревари со двоцифрен број поени. Последен пат кога Џејмс не успеа да постигне најмалку 10 поени беше на 5 јануари 2007 година во дуелот против Милвоки. Остин Ривс го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумфот над Торонто со 44 поени, додавајќи 10 асистенции. За Лејкерс ова беше осма победа во последните девет натпревари.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановскоСо крената глава и поглед вперен кон светлото на таванот обвинетиот овчар од Старо Нагоричане, 25-годишниот Трајко Бојковски не призна вина за четирите убиства и два обида за убиства кои му се ставаат на товар. Во тесната судница во која на моменти беше морничаво, на почетокот обвинетиот не го потврди сопствениот идентитет, а по паузата прозборе и кажа дека е вработен овчар. Откако се изјасни за невин, бранителот ангажиран од семејството не сакаше повеќе да го застапува. Обвинителот Љубомир Лапе ги наведе доказите, фотографии, ДНК анализи, извештаи од ексгумации и психијатриско вештачење кое сега не беше детално образложено, но според кое, Трајко Бојковски знаел што прави кога напаѓал жени што живееле сами за да задоволува ниски страсти. Обвинителот Лапе тврди дека има неспорни докази, а на обвинетиот ќе му се овозможи бранител по службена должност, бидејќи првичниот одби да го застапува откако не призна вина. Правните застапници на жртвите и преживеаните очекуваат доживотен затвор за обвинетиот. На следното рочиште закажано за 31 август ќе бидат сослушани и испитани преживеаните жени, а според обвинителството доказите и сведоците во целина и без сомнеж ќе докажат дека обвинетиот ги задоволувал своите полови страсти кон мртви тела. Таргетирал стари жени, влегувал во нивните домови, ги удирал и ги давел и откако ќе ги усмртел вршел полови дејствија.Тагови: Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаТошковски, Јанев и генералниот секретар на Интерпол УркизаМеѓународната полициска соработка е клучен одговор на современите безбедносни предизвици.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбите беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на оперативната координација, размената на информации, развојот на професионалните капацитети и заедничкото справување со организираниот и транснационалниот криминал, сајбер-криминалот, тероризмот, трговијата со луѓе, илегалната миграција и финансиските истраги. Во рамки на разговорите беше потврдена и важноста од континуирано инвестирање во современи полициски капацитети, примена на нови технологии и натамошно продлабочување на партнерството со Интерпол, како еден од клучните предуслови за ефикасен одговор на современите безбедносни закани. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека посетата на генералниот секретар Уркиза претставува силна потврда за довербата што македонската полиција ја ужива во рамки на најголемата меѓународна полициска организација. „Разговаравме за унапредувањето на нашата соработка во борбата против организираниот и транснационалниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и финансиските истраги, како и за понатамошното јакнење на размената на информации и оперативната координација. Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција, затоа што само преку силни партнерства, меѓусебна доверба и заедничко делување можеме успешно да се справиме со современите безбедносни предизвици и да обезбедиме поголема сигурност за сите наши граѓани“, истакна министерот Тошковски. Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, ја поздрави активната улога на македонската полиција во меѓународните операции и ја истакна важноста на партнерството со Република Македонија. „Интерпол високо ја цени активната вклученост на македонската полиција во нашите глобални операции и иницијативи. Современите закани бараат меѓународен одговор, а Македонија е доверлив партнер кој покажува професионалност, посветеност и подготвеност да придонесе во заедничката борба против транснационалниот криминал. Ќе продолжиме заедно да ги јакнеме капацитетите, да ја унапредуваме размената на информации и да инвестираме во новите генерации полициски професионалци“, истакна генералниот секретар Уркиза. Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев нагласи дека посетата на генералниот секретар на Интерпол претставува признание за професионалноста и кредибилитетот на македонската полиција и потврда за успешната меѓународна соработка што Министерството ја развива во изминатиот период. „Во рамки на посетата ја претставивме нашата визија за развој на современа, професионална и одговорна полиција, подготвена да одговори на сè покомплексните безбедносни предизвици на денешницата. Особено значајно е што македонската полиција има свои претставници во структурите на Интерпол, а нашето Национално централно биро Интерпол – Скопје секојдневно дава значаен придонес во меѓународната размена на информации и заедничките оперативни активности. Силните партнерства, меѓусебната доверба и заедничката посветеност остануваат најцврстата основа за градење побезбедна иднина за сите наши граѓани“, истакна директорот Јанев. Во текот на официјалната посета, министерот Тошковски и генералниот секретар Уркиза претходно ја посетија Полициската академија во Идризово, каде што се запознаа со процесот на образование и обука на идните полициски службеници и разговараа за натамошно унапредување на соработката во областа на полициската едукација. Во рамки на програмата, генералниот секретар на Интерпол оствари средба и со службениците од Националното централно биро Интерпол – Скопје, го посети Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи, каде што се запозна со форензичките капацитети на Министерството, а во кругот на МВР положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите полициски службеници, оддавајќи почит на нивната жртва и служба во заштита на безбедноста на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит позираше за социјалните мрежи со многу помладата девојкаХоливудскиот заводник, 62 годишниот актер Бред Пит и неговата 29 години помлада девојка, Инес де Рамон, беа меѓу илјадниците гости на раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси. Иако сè уште нема фотографии од невестата – таа успеа сè да задржи во тајност – познатите личности споделуваат свои фотографии на Инстаграм. Така, Инес и Бред се појавија на социјалните мрежи – што е и нивна прва заедничка фотографија на Инстаграм – благодарение на фризерката Лаура Занолета, која ја објави сликата. „Мојот омилен љубовен пар“, напиша Лаура во описот. Како што може да се види на фотките, Бред и Инес биле совршено стилизирани. Бред избрал елегантен црн костум, додека Инес носи чипкан црна фустан со спуштени прерамки. Бред Пит и Инес де Рамон ја започнаа својата љубовна приказна уште во 2022 година, и иако од самиот почеток се обидуваа да не откриваат никакви детали за себе, секој нивни чекор привлекуваше сè поголемо внимание. Неодамна, тие официјално живеат заедно, а како што тврдат извори блиски до двојката, нивната врска е многу сериозна.Тагови: Бред Пит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter