НБА ја одби жалбата на Њујорк за резултатот на натпреварот со Хјустон

 Одбиена е жалбата на Њујорк против резултатот на натпреварот против Хјустон.

НБА одлучи да го отфрли протестот на Никс поради нивниот пораз од Рокетс со 103:105 на 12 февруари.

Хјустон го победи Њујорк по слободни фрлања на Арон Холидеј во последната секунда. На кошаркарот му беа досудени три слободни фрлања кога резултатот беше израмнет. Прекршок му беше досуден на Џејлен Брансон. Холидеј изведе две слободни фрлања, а третото намерно го промаши – 105:103.

Судијата Ед Малој по натпреварот призна дека одлуката да се досуди фаул Брансон била грешка.

Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот

 Црна Гора денеска ќе ги собере лидерите од Западен Балкан и претставници на Европската Унија и САД на самит на кој ќе разговараат за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Домаќин на самитот во Котор, под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ ќе биде премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

На состанокот ќе учествуваат и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеј и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О'Брајан.

Стејт департментот соопшти дека О'Брајан и другите учесници на самитот во Котор ќе се фокусираат на регионалната економска интеграција и можностите за раст понудени од Планот за раст на Западен Балкан и ќе ја зајакнат силната американска поддршка за патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ.

Заедно со лидерите и министрите на земјите од регионот, во Котор беа поканети и партнерски организации, како што се Советот за регионална соработка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Транспортната заедница, Атлантска алијанса, Енергетска заедница, Фондација Отворено општество, РеСПА, ГИЗ.

Планот за раст на Западен Балкан, што Европската комисија го усвои во ноември, а ЕУ пред две недели, предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди се поволни заеми обезбедени од ЕУ.

Услов за добивање средства е спроведување на реформите, пред се во делот на почитување на демократските механизми, владеењето на правото и основните права. Планот го опфаќа периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада од Западен Балкан шест да добива одредена сума пари на секои шест месеци, во зависност од реформите што ги спроведувала во тој период.

Путин во посета на Кина

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска пристигна во дводневна посета на Кина, при што ќе се сретне со кинескиот колега Си Џинпинг и ќе се обиде да добие поголема поддршка за војната против Украина.

Тоа е прво патување на Путин во странство откако тој беше реизбран за претседател во март.

Путин за нешто повеќе од шест месеци вторпат е во посета на Кина.

НБА плејоф: Бостон ја затвори серијата со Кливленд, Далас поведе со Оклахома

Во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА ноќеска се одиграа два натпревара од плејофот. 

Бостон селтикс обезбеди полуфинале откако на домашен терен во петтиот натпревар од серијата прв до четири против Кливленд кавалирс победи со 113:98.

Противник на Бостон во конференциското финале ќе биде поуспешниот од двојката Њујорк никс – Индијана пејсерс (3:2 за Њујорк).

На другиот натпревар, Далас маверикс на гостински терен ја совлада Оклахома Сити тандер со 104:92. Моменталниот резултат е 3:2 за Далас.

Вечер по полноќ се среќаваат Минесота тимбервулвс и Денвер нагетс. По пет одиграни натпревари Денвер води со 3:2.

притисни ентер