НБА ја објави листата на 75 најдобри кошаркари во историјата - Канал 5

НБА ја објави листата на 75 најдобри кошаркари во историјата

Најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата ја објави листата на 75 најдобри кошаркари на сите времиња.

НБА ја објави листата на 75 најдобри кошаркари во историјата

На листата полна со кошаркарски легенди се само двајца преставници од Европа, славниот Германец Дирк Новицки и натурализираниот Грк Јанис Адетокумбо.

Пред три дена во кошаркарските арени низ САД стартуваше 75 сезона од НБА лигата, во таа чест секој ден беа објавувани листи од по 25 кошаркари, кои според реководството на лигата се најдобрите во кралицата на спортските игри во историјата.

Првата ноќ во НБА беа објавени 25 имиња на кошаркари од листата на најдобрите на сите времиња.

На оваа листа се Карим Абдул Џабар, Јанис Адетокумбо, Нејт Арчибалд, Чарлс Баркли, Боб Кузи, Дејв Ковенс, Кевин Дурент, Џулиус Ирвинг, или Др Џеј, Џорџ Гервин, Хал Грир, Џејмс Харден, Елвин Хејс, Џери Лукас, Мозес Мелоун, Кевин Мекхејл, Џорџ Мајкан, стив Неш, Дирк Новицки, Хаким Олаџувон, Боб петит, Вилис Рид, Оскар Робертсон, Дејвид Робинсон, Бил Расел и Џон Стоктон.

Во вториот ден беа објавени нови 25 кошаркари, на оваа листат се: Мајкл Џордан, Лери Бирд, Скоти Пипен, Кевин Гарнет, Тим Данкан, Пол Арзин, Рик Бери, Вилт Чембрлен, Клајд Дрекслер,ППатрик Јуинг, Волт Фрејзер, Џон Хавличек, Ален Ајверсон, Меџик Џонсон, Сем Џонс, Карл Мелоун, Роберт Периш, Крил Пол, Бил Шарман, Ајзеа Томас, Нејт Тармонд, Вест Анселд, Бил Волтон, Џери Вест и Џејмс Ворти.

Листата на најдобрите 75 кошаркари во историјата на НБА е комлетирана утрово со нови 26 имиња, што значи дека раководството на НБА сепак одлучило да има 76 кошаркари на вечната листа.

На последниот список се имињата на Долф Шејс, Елџин Бејлор, Пит Маравич, Дејв Бинг, Лени Вилкенс, Били Канингем, Ерл Монро, Дејв Дебушир, Шекил О Нил, Доминик Вилкинс, Денис Родман, Реј Ален, Двејн Вејд, Коби Брајант,Џејсон Кид, Гери Пејтон, Боб Макаду, Пол Пирс, Стеф Кари, Реџи Милер, Кармело Ентони, Леброн Џејмс, Кавај Ленард,Демијен Лилард, Расел Вестбрук, и Ентони Дејвис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Уставните измени не се ризик за идентитетот, туку политиката на изолација на Мицкоски

Власта води изолациона политика со која директно го загрозува националниот идентититет, обвинува опозицијата. 

Филипче: Уставните измени не се ризик за идентитетот, туку политиката на изолација на Мицкоски

Според Филипче ваквата политика ја оддалечува земјава од ЕУ и порача дека е потребно да се донесат уставните измени за напрадок на државата. Тие, како што посочува Филипче, сами по себе, не претставувале никакв ризик за идентитетот, јазикот и културата и обвини дека валсата ги користи црвени линии за лажен патриотизам. Посетата на валдината делегација во САД Филипче ја оцени само како екскурзија, без никакви видливи и конкретни резултати.

„Имаме седум заеднци во Уставот, уште три-четири нема ништо да сменат. Јас сум свесен дека можеби од бугарска страна за време на преговорите ќе има некаква тенденција во делот на историската комисија, но уметноста на политиката е да ги избегнете сите тие ризици, а да направите добро за државата. Христијан Мицкоски диркетно го загорозува идентитетот со оваа изолационалистичка политика и тоа светот веќе го знае и затоа му полажува кај му е местото со такви маргинални останоци во Америка. Гледаме дека сега овие денови пристугнуваат делегациите во Њујорк, а тие се таму веќе една недела и не видовме апсолутно ништо конкретно.“ – Венко Филипче, претседател на СДСМ

Филипче порача дека според неговите сознанија можно е земјава во новата стратегија за проширувањето да остане без финансиски средства од Унијата, преку Ипа механизмот, кој според него ќе биде укинат. Најави и дека во текот на оваа недела ќе упати писмо до престедателката на Европската комисија Фон дер Лајен, првиот човек на Европскиот совет Антонио Кошта и еврокомесарката Марта Кос за како што ја нарече, хибридна војна во сферата на медиумите со отворање на српски телевизи, без дозвола за работа од АВМУ. Филипче ја критикуваше власта и за лоши економски политики поради што пратеничката група на СДСМ предлага законски мерки за заштита на земјоделците, преку Закон за за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци и сточарите. Од опозициската СДСМ очекуваат поддршка од владеачкото мнозинство за предложените законски мерки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот

Македонија останува на европскиот пат, но евроинтеграцијата не смее да се претвори во процес за менување на македонскиот идентитет, порача премиерот Христијан Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк. 

Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот

На панел дискусија со грузиската заменик премиерка Мака Ботчоришвили, Мицкоски се осврна на долгогодишниот пат на земјава кон ЕУ, исполнет со, како што рече, многу отстапки од една и вештачки пречки од друга страна. Сепак, премиерот нагласува дека се бараат начини за излез од ќорсокакот и оти додека земјава е во чекалната паралелно ги исполнува обврските, се гради и развива.

-Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. За жал, поради некои вештачки причини и вештачки ограничувања, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој значаен чекор. Во меѓувреме, фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки во тоа име, за да бидеме дел од ЕУ. Го сменивме државното знаме, го сменивме Уставот неколку пати, дури го сменивме и уставното име, и сето тоа ни изгледа како приказна без крај. Но, како и да е, ние веруваме во европските вредности и ќе продолжиме така, за конечно да најдеме излез од оваа заклучена ситуација.

Мицкоски во обраќањето алармираше дека некои земји членки се обидуваат да го променат македонскиот идентитет, наместо да ги трансформираат македонските инстутиции преку преговарачкиот процес. Тој го посочи неформалниот француско-германски документ презентиран неодамна во Тиват, како позитивен сигнал што би можел да стане официјална политика на ЕУ, но за можниот исход останува воздржан.

-За нас, за мојата генерација, преговорите со ЕУ беа еден вид начин да се променат институциите — не да се промени идентитетот. За жал, има некои земји членки коишто се обидуваат да решат некои билатерални прашања и не да ги променат нашите институции, туку да го променат нашиот идентитет. И ние сме жртва на еден вид малтретирање: или сте внатре или сте надвор, а ако сакате внатре, мора да го проголтате она што го бараме од вас. Но, како и да е, тоа е опцијата и нема подобра опција за мојата земја, изјави Мицкоски.

Непосредно пред почетокот на денешната дебата на Генералното Собрание на ОН, премиерот Мицкоски и министерот Муцунски со останатите лидери учествуваа на Самитот „Партнери за мултилатеризам“, настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет. „Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси“, објави премиерот на социјалните мрежи. Мицкоски пред Генералното Собрание ќе се обрати в петок доцна попладне по македонско време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Поддршката за глувите и наглуви лица не треба да се гледа како прашање што и припаѓа само на една заедница

Обраќање на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Меѓународниот ден на знаковните јазици.

Гаши: Поддршката за глувите и наглуви лица не треба да се гледа како прашање што и припаѓа само на една заедница

„Почитувани претставници на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица,

Почитувани пратеници,

Почитувани претставници на институциите,

Драги пријатели,

Особено ми е драго што денес, во пресрет на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, се собравме овде, во Собранието на Република Северна Македонија – домот на сите граѓани.

Знаковниот јазик не е само начин на комуникација. Тој е јазик на идентитетот, достоинството, еднаквоста и учеството.

Но, овој ден добива значење само тогаш кога ни дава простор да размислиме за она што сè уште недостасува, да застанеме и да видиме каде се наоѓаме како општество и како институции. Овој ден е момент да се слушнеме едни со други и да размислиме за едно важно прашање: што можеме да направиме повеќе за никој да не се чувствува исклучен од институциите.

Затоа сме заедно овде, со уверување и верба дека од оваа сала ќе излеземе со повеќе идеи за подобри решенија.

Поддршката за глувите и наглуви лица не треба да се гледа како прашање што и припаѓа само на една заедница. Тоа е прашање на општество кое сака да биде праведно и инклузивно.

Во таа насока, дозволете ми да истакнам дека во изминатите години направени се значајни чекори во признавањето и користењето на знаковниот јазик, во развојот на услугите за толкување, во пристапот до образование и во поголемото вклучување на глувите и наглувите лица.

И Собранието даде свој придонес, започнувајќи ја промената од самата институција и поддржувајќи ја преку својата законодавна улога.

Од 2023 година, во Собранието се организираат курсеви за изучување на знаковниот јазик за пратениците и собраниската служба. Тоа е навидум мал чекор, но со голема порака: ако сакаме институциите да бидат подостапни, тогаш треба да започнеме со тоа што ќе научиме да комуницираме едни со други.

Исто така, Собранието создаде простор за соработка со здруженијата на глувите лица, поддржа активности кои го приближуваат знаковниот јазик до институционалниот живот и вложи напори вашите искуства и барања да бидат дел од нашите дискусии.

Но, како што истакнав на почетокот, не би сакал денес да зборуваме само за она што е направено. Затоа што знаеме дека правото напишано во закон треба да се претвори во реална можност во секојдневниот живот.

Не е доволно да кажеме дека сме создале механизми. Треба да видиме дали тие функционираат. Не е доволно да кажеме дека институциите се отворени. Треба да се осигуриме дека граѓаните можат да ги користат без бариери.

Затоа особено важно го сметам вашето барање оваа средба да не остане само свечена средба, туку да послужи како почеток на поструктурирана институционална и професионална соработка.

Особено во однос на развојот, стандардизацијата и пошироката употреба на знаковниот јазик, сметам дека потребен ни е континуиран дијалог, во кој институциите, експертите и самата заедница ќе работат заедно.

Вие најдобро од сите знаете каде се пречките и кои се решенијата што можат да функционираат. И овде сакам да кажам нешто што за мене е многу важно: вие не барате привилегија. Барате еднакви можности за комуникација, за добивање информации, за учество и за да бидете слушнати.

Токму затоа сметам дека треба сè повеќе да преминуваме од пристап во кој зборуваме за глувите лица, кон пристап во кој соработуваме и дејствуваме заедно со нив. Затоа што никој не може подобро да ги дефинира потребите на една заедница од самите луѓе кои секојдневно ги доживуваат тие потреби.

Почитувани,

Во мое име и во име на моите колеги пратеници и на Собранието како институција, искрено ве уверувам дека секогаш сме подготвени за соработка, за поддршка и за да ги слушнеме вашите барања.

Верувам дека многу работи можат да се променат кога институциите и граѓаните не стојат едни спроти други, туку седнуваат на иста маса, како денес, и работат заедно. Затоа, оваа средба ја гледам како почеток на уште поредовна и подиректна комуникација.

Собранието е дом на сите граѓани и неговата врата треба да биде отворена во секоја форма и за глувите и наглувите лица.

На крај, дозволете ми да ви честитам вам, како Национален сојуз на глуви и наглуви лица, за вашата работа и секојдневниот ангажман за унапредување на правата и условите на оваа категорија граѓани во нашето општество.

Вие сте инспиративен пример за она што може да се изгради кога постојат љубов, посветеност и меѓусебна почит.

Затоа, со целосна увереност велам дека пораката на овој ден е онаа што треба да ни служи како водилка:

Не ни се потребни зборови и глас, кога срцата и мислите зборуваат на ист јазик.

Ви благодарам за довербата, за соработката и за сè што правите секој ден за збогатување на нашето општество.

Сега е редот да ве слушнеме вас и заедно да разговараме за она што можеме да го направиме понатаму.

Честит 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик!

Ви благодарам!“- изјави Гаши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер