НБА ја изрече втората најтешка казна во историјата- 10 милиони долари и суспензија - Канал 5

НБА ја изрече втората најтешка казна во историјата- 10 милиони долари и суспензија

НБА го суспендира сопственикот на Феникс Санс на една година и го казни со десет милиони долари.

НБА ја изрече втората најтешка казна во историјата- 10 милиони долари и суспензија

Тоа е втора најтешка казна во историјата на лигата, која во 2014 година го суспендира доживотно тогашниот сопственик на ЛА Клиперс, Доналд Стерлинг, односно го принуди да ја продаде франшизата и да исчезне од светот на НБА.

Сарвер е еден од најконтроверзните сопственици во НБА-лигата, чие однесување со години ги лути американските медиуми. Против него пред десет месеци беше покрената истрага, а по нејзиното завршување, првиот човек на лигата Адам Силвер се одлучи за наведената казна. И додека американските медиуми и обожавателите на социјалните мрежи се жалат дека казната е прелесна, од НБА објаснуваат дека не е построга бидејќи нема докази дека неговото однесување било водено од расистички мотиви.

Сопственикот на тимот е обвинет за употреба на забранет термин кој се однесува на Афроамериканците и за бројни случаи на несоодветно однесување кон вработените.

Во извештајот се наведува дека Сарвер го користел „Н-зборот“ најмалку пет пати, последен пат во 2017 година, а Сарвер се бранел дека тоа го кажувал секој пат раскажувајќи што рекол некој друг, иако бил предупреден да не го прави тоа во такви случаи.

„Тој се однесувал недолично кон вработените жени, користел коментари поврзани со секс на работното место, непримерни коментари за физичкиот изглед на работничките и другите жени, а во неколку наврати недолично физичко однесување кон вработените мажи.

Тој се однесуваше понижувачки и грубо кон вработените, им викаше и пцуеше“, се вели во извештајот по истрагата, кој завршува со реченицата: „Истрагата не покажа дека однесувањето на г. Сарвер беше свесно мотивирано од расна или сексуална нетолеранција.“ Ова е единствената причина што Сарвер не ја доживеа судбината на Стерлинг, за кого во повеќе наврати било докажано дека е расист.

Едногодишната суспензија вклучува забрана за сите должности со Санс и сестринската франшиза на ВНБА, Феникс Меркјури, вклучително само појавување во теретана и други клупски објекти. Сарвер ќе мора да посетува и курс за почит и соодветно однесување на работното место.

Казната од 10 милиони долари е максимумот што НБА може да го наметне според правилата, а парите ќе бидат насочени кон организациите кои се занимаваат со расни и родови прашања на работното место.

Сарвер и неговата одбрана тврделе дека неговото однесување е само одраз на неговата особена смисла за хумор, која се смета за несоодветна во ерата на политичка коректност, и ги истакнале перформансите на неговите франшизи за вработување според расни и полови поделби.

Во американските медиуми биле наведени неколку примери за неговото однесување. На една бремена вработена ѝ рекол дека не може да ја работи својата работа во друга држава и ја нарекол лелекач. На вработените мажи им праќал порнографија по електронска пошта, а пред лекарот со темна кожа на клубот ги соблекол панталоните за време на преглед, иако тоа не било потребно.

Сарвер ги купил Санс во 2004 година за 404 милиони долари, а сега нивната вредност се проценува на 1,8 милијарди долари. Казната од 10 милиони претставува 0,6% од таа вредност, па Сарвер воопшто не се снашол лошо, иако е познат како многу скржав човек, барем во однос на трошењето за создавање на шампионски тим.

Санс со години носеле одлуки за да избегнат високи даноци за скапиот тим, а последна беше одлуката да не му понудат максимален договор на нивниот поранешен прв драфт пик и почетен центар Деандре Ајтон, кој на крајот остана во клубот бидејќи во спротивно Санс ќе го изгубеше без обештетување, но таа сплетка им ја ускрати можноста летово да го доведат Кевин Дурент, на кого му беа првиот избор кога побара да си замине од Бруклин Нетс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа - Продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!

Народниот револт против институционалното слепило не запира! 

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа - Продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!

За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!

Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода.

ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист!

Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи

Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност.

Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати.

„Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво.

„Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски.

Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот.

Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти.

Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти.

Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти.

Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности.

„Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот.

Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност.

Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања.

Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции.

„Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски.

Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.

Кристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија

Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност.

Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД.

Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер