НБА: Избрани резервните играчи за Ол - стар натпреварот - Канал 5

НБА: Избрани резервните играчи за Ол - стар натпреварот

Една недела откако беше избран составот на почетните петорки, НБА лигата ги објави денеска и имињата на 14. резервни кошаркари за претстојниот Ол -стар натпревар во Индијанаполис.

НБА: Избрани резервните играчи за Ол - стар натпреварот

Во тимот на Истокот се најдоа Џејлен Браун (Бостон), Донован Мичел (Кливленд), Бем Адебајо (Мајами), Џулиус Брансон (Њујотк), како и тројцата дебитанти – Паоло Банкеро (Орландо), Тајрис Макси (Филаделфија) и Џејлен Брансон (Њујорк).

Седуммината го комплетираа тимот на Источната конференција во кој како стартери беа избрани Јанис Адетокумбо, Џејсон Тејтум, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон и Демијан Лилард.

На стартната петорка на Западот, составена од Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Шеј Гилџес – Александер, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, во составот им се приклучија Ентони Едвардс (Минесота), Карл Ентони Таунс (Минесота), Кавај Ленард (ЛА Клиперс), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Девин Букер (Феникс), Стеф Кари (Голден Стејт) и Пол Џорџ (ЛА Клиперс).

Ол - стар натпреварот е на програмата на 18 февруари во Идијанаполис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовиран проектот „Учи,играј,расти“- ќе се реконструираат и изградат училишни сали за физичко образование

Промовиран проектот „Учи, играј, расти“, со кој ќе бидат реконструирани и изградени 60 сали за физичко образование  во основните и средните училишта.

Промовиран проектот „Учи,играј,расти“- ќе се реконструираат и изградат училишни сали за физичко образование

Меѓу училиштата опфатени со проектот е и основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, каде се одржа презентацијата на проектот, со кој освен активностите за рехабилитација на салите за физичко образование во основните и средни училишта, ке биде опфатена и набавка на спортска опрема..

Проектот е кофинансиран преку инвестициската рамка за Западен Балкан и Развојната банка на Советот на Европа

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Речиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини

Иако се речиси еднакво застапени во избирачкиот систем, на локалните избори минатата година, жените сепак помалку излегле на гласање од мажите, особено во помалите општини.

Речиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини

Овие податоци беа изнесени на конференцијата посветена на можностите за унапредување на учеството на жените во изборните процеси , на која учествваа претставници од Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, швајцарската амбасада и Мегународната фондација за изборни системи- ИФЕС, но и претставнци на собранието, граѓанскиот сектор и меѓународни експерти

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%

Стан од 50 метри квадратни во скопски центар продаден за 168.000 евра, додека куќа од 575 квадратни метри во Карпош е купена за 1,5 милион евра, покажуваат податоците на Катастар за најскапо продадени недвижности во првата половина од 2026 година.&n

3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%

Експерти од градежниот сектор признаваат дека трендот на пораст на цените на становите и куќите продолжува и годинава - Образложуваат дека таков е примерот и со земјите во регионот, иако признаваат и оти е факт дека куповната моќ на граѓаните дома сепак е намалена.

– Секоја цена која пазарот ја плаќа или населението ја плаќа за одреден деловен или станбен простор е цена која е реална и е пазарна. Мене ми е жал што стандардот не ја следи инфлацијата со која се подигаат цените на становите, но верувајте дека тоа не е само случај кај нас. Ако видите и во околината, а и пошироко ќе сфатите дека, еве во Белрад на пример цените за недвижнини се исто во атрактивни централни градски подрачја и до 5.000 евра, во Софија исто, во Ниш имаме во централното градско подрачје, во град што не е главен град на наша соседна држава, се нудат станови по 2.500 евра. изјави Андреа Серафимовски , претседател на здружението на градежната индустрија, градежните материјали и неметали при Стопанската комора.

Иако во првата половина од 2026-та година пазарот за недвижности бележи пораст од над 21 процент во однос на лани, агенциите кои ги контактиравме, велат дека во моментот понудата е поголема од побарувачката, иако потенцираат и дека тоа може бргу да се промени во пракса.

- Во овие попатрактивни локации кои се за купување, факт е дека има хиперпродукција на станбени единици и едноставно во моментот реално самиот град не може толку да продаде, затоа што заинтересираноста кај самите клиенти во моментот не е толкава. Да речеме ако имаме 1.000 станови, немаме и 1.000 купци, туку едноставно имаме 1.000 станови, а имаме 100 до 200 купци во моментот коишто се актуелни. Да се гради, но можеби ќе се смени ситуацијата. Еве сега ова го збориме, но за неколку месеци можеби ќе има и дефицит на станбени единици на пазарот, затоа што сме го виделе тоа во минатото. - изјави Александар Гиноски, сопственик на Агенција за недвижности.

Покрај во Скопје, каде просечната цена на новите станови достигнува и до над 1.700 евра за метар квадратен, скапо е и во Охрид, каде стари станови се продаваат за сума од 1.299 евра за метар квадратен. Најниски просечни цени се евидентирани во Струмица и тоа 719 евра за квадратен метар кај старата градба и 689 евра кај становите од инвеститори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер