НБА: Индијана избори седми натпревар(видео) - Канал 5

НБА: Индијана избори седми натпревар(видео)

 Кошаркарите на Индијана израмнија против Оклахома на 3-3 во финалната серија до четири победи од плејофот во НБА лигата, откако синоќа победија на домашен терен со 108-91.

НБА: Индијана избори седми натпревар(видео)

Индијана се избори за „мајсторка“ предводена од Оби Таупин со 20 поени и Ендру Нембхард со 17 поени. Во тимот на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер беше најефикасен со 21 поени.

Решавачкиот, седми натпревар во битката за титулата ќе се одигра ноќта меѓу недела и понеделник, а домаќин ќе биде Оклахома.

Ова е прв пат од 2016 година финалето на плејофот во НБА да се игра во седум натпревари. Во тоа финале, Кливленд се врати од негатива од 1:3 против Голден Стејт, и со победа од 93:89 во „мајсторката“ ја освои својата прва шампионска титула во НБА лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Проширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ.

„Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува Евроњуз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку деветмина загинати при руските напади врз Киев

Русија ноќеска повторно ја нападна украинската престолнина Киев со балистички ракети, при што загинаа и беа повредени повеќе луѓе. 

Најмалку деветмина загинати при руските напади врз Киев

Според државната служба за вонредни состојби на Украина, бројот на жртвите изнесува најмалку девет. Повредени се 23 лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети.

-Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко.

Градови беа цел на обемен руски напад. Според украинските власти, низ целата земја тогаш загинале најмалку десет лица, а десетици биле повредени.

Големи штети претрпе и градот Лавов на западот од земјата, во близина на полската граница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови судири на границата кај Мелиља откако е запрен влезот на мигранти во Сеута

Влезот на нелегални мигранти од Кралството Мароко во шпанската енклава Сеута е „целосно запрен„ тврди шпанската Влада. 

Нови судири на границата кај Мелиља откако е запрен влезот на мигранти во Сеута

Меѓутоа, денеска повторно избувнаа судири на сега веќе затворениот граничен премин помеѓу втората шпанска енклава на африканскиот континент – Мелиља и Мароко каде стотоци мигранти се уште прават обиди за упад на граничниот премин –пренесуваат светските медиуми.

За време на вчерашната посета на Сеута, шпанскиот премиер Педро Санчез ги оцени случувањата како напад врз територијалниот интегритет на Шпанија.

-Секако, сакам да ја признаам и кризата што ја претрпе другиот автономен град вчера - Мелиља, но ние сме во Сеута, што во овој случај е градот кој страда од најголемата криза во споредба со Мелиља и секако нè потсетува на ситуацијата што ја доживеавме во 2021 година. Затоа, третата обврска што сакам да ја изразам, покрај обврската за соработка со автономната влада на Сеута, е дека владата на Шпанија ќе ги искористи сите лостови на државата, сите ресурси на државата за да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Сеута,- - Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија.

Како што јавуваат шпанските медиуми, иако целта на дел од мигрантите биле да останат во шпанските енклави, најголемиот дел планирале да продолжат кон Европа преку нелегалните миграциски рути а повикот и мобилизирањето на илјадниците луѓе се одвивало преку социјалните мрежи.

-Социјалните медиуми денес се моќен мобилизатор, особено за младите луѓе, но исто така е вистина дека видовме семејства кои доаѓаат од југ, од Тангер, од внатрешните области на Мароко, со кои сигурно имало пораки во оваа насока, како што споменавте, нели? И погрешно толкување, според мое мислење, на она што било кажано во тие пораки. Jа гледаме мобилизирачката моќ на социјалните медиуми без да исклучиме дека имало и на тие социјални мрежи, нели, некои луѓе со лоши намери или со цел да остварат профит кои ги лансирале овие пораки,- -Рут Бермехо, истражувач во Кралскиот институт Елкано.

Во меѓувреме, Европската комисија уверува дека досега ниту еден од нелегалните мигранти не пристигнал на Европско тло од Сеута. Откако вчера Италија привремено ја суспендираше Шенгенската соработка со Шпанија, закани за одвојување на Шпанија од зоната за слободно патување на ЕУ упатија и Финска и Данска.

Според шпанското министерство за внатрешни работи – од проценетите 60 000 мигранти кои влегле во Сеута овие денови, 48 300 веќе се депортирани назад во Мароко додека се уште се проценува бројот на жртви кои се удавиле во обидот да допливаат до Сеута или пак загинале во стампедото на границата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер