МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќа
1МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќа
3Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника
НБАНБА играчите го избраа играчот МВП на сезоната На еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од НБА лигата, кошаркарите во анонимна анкета спроведена од „Атлетик“ го избраа Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити за најкорисниот кошаркар во НБА и добитник на МВП наградата. Во гласањето учествувале 159 кошаркари,а Гилџус-Александер добил 39% од гласовите. На втората позиција е Никола Јокиќ од Денвер со 21,4% од гласовите. Интересно е што третото место го поделија тројца играчи: Џејлен Браун (Бостон), Кејд Каникгем (Детроит) и Лука Дончиќ (ЛА Лејкерс) сите со 8,2% од гласовите. Првиот на МВП листата Виктор Вембањама од Сан Антонио не успеа да влезе во изборот, ниту во ТОП 5 и се наоѓа на шестото место со 5% од гласовитеТагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќаМинистерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип. Апликантите се должни да достават документација со која се докажува исполнувањето на условите за репутација, односно документација која е меѓу другото поврзана со изречени санкции за забрана за вршење професија, потоа дека не е изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа. Правилникот воспоставува и строга контрола врз потеклото на средствата во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе проверува дали постои непрекинат траг на движењето на паричните средства од нивниот извор до уплатата во друштвото. Дополнително, се уредуваат и постапките за промена на сопственичката структура, промена на главнината и именувањето членови во органите на управување и надзор. Донесувањето на Правилникот е произлезено од новиот Закон за игри на среќа во кој меѓу другото како новина беше воведено ценење на репутацијата на содружниците соработниците на друштвата на кои им се издадени лиценци за игри на среќа, како и за членовите на органите на управување и надзор на трговското друштво за приредување игри на среќа во кое државата е единствен акционер, како битен фактор во борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, поради што и се предлага ценење на репутацијата за наведените лица. Новиот Закон за игри на среќа беше донесен во јуни оваа година, а целта беше воспоставување современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.Тагови: МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и козиАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта. По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни мерки за справување со болеста, при што се пристапува кон евтаназија на животните и нивно закопување. АХВ е континуирано на терен, ја следи состојбата со болеста и навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки. Во однос на можната вакцинација, АХВ достави информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција. Притоа, експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни. Агенција за храна и ветеринарствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паникаНеколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС.Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните. За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДС продолжува со обиди да создава сомнеж. Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДС му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен? Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат. Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника. Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДС треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29