НБАНБА го суспендира Ембид на три натпревари поради пресметка со новинарЦентарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран од НБА на три натпревари поради конфронтација со новинар по натпреварот против Мемфис (107:124), објави „ESPN“.Триесетгодишниот Американец вербално го нападна колумнистот на „ Philadelphia Inquirer“ Маркус Хејс по саботниот пораз, а потоа го турна. Кошаркарот беше налутен од написот во кој се споменува починатиот брат на кошаркарот и неговиот син Артур, кој го носи неговото име. Поради суспензијата, Ембид ќе загуби 1.063.778 долари од плата. Казната ќе стапи за време на суспензијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: 2 години Влада на Мицкоски: Без резултати, само дефокус и закани!Точно две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата Влада.Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%. Наместо европска иднина, граѓаните добија изолација. Наместо правда, добија политичка одмазда, закани и нарачки на процеси од собраниската говорница, на телевизија и преку телефон. Економските резултати се катастрофални. За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг. Задолжувањето е секојдневно. Буџетот е празен. Нема пари за поголеми плати, за подобар стандард на работниците. Веќе снемува пари и исплата на идните пензии. Пензиониот фонд е сериозно загрозен, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, власта го загрозува и вториот столб. Младите масовно се иселуваат. Земјоделците се оставени сами на себе, без никаква помош. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра. Нема зголемување на минималната плата на 600 евра. Нема зголемување на платите во образованието и здравството. Нема реформи. Нема напредок. Нема правда, цвета криминалот и корупцијата. Над 150 милиони евра само за крминални партиски тендери. Додека владините функционери со бугарски државјанства тераат бизниси во Бугарија, ја блокираат европската интеграција на Македонија. Македонија стана слепо црево на Балканот и на Европа - изолирана, задолжена и без перспектива. Наместо одговори на прашањата за проблемите на граѓаните, добиваат лични напади и навреди. Премиерот Мицкоски сите оние кои сакаат просперитетна држава и европска иднина ги нарекува „талог на општеството“, „мочуриште“, „мекотели“, „глодари“ и „медиокритети“. Од 1.198 ветувања во нивната програма, ништо не е исполнето, нула. Наместо резултати граѓаните добија Орбанова медиумска мрежа која работи во служба на Мицкоски - шири евроскептицизам, лаги и постојан дефокус. Наместо сериозни теми, граѓаните секојдневно слушаат за Харис Џиновиќ и Дубаи. Од Мицкоски нема одговор ниту на едно прашање. Ниту за економијата, ниту за корупцијата, ниту за европскиот пат, ниту за криминалните тендери. Затоа што нема одговори, премиерот се враќа на она што најдобро го знае - закани. По две години нарачување на процеси преку медиуми, преку собраниската говорница и по телефон, сега дојде и до директни закани со затвор од собраниската говорница. Со лаги дојде на власт, со лаги владее, со лаги се обидува да се задржи на власт. Ова е резимето на две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група - ВМРО, во тендер-коалиција со распаднатиот ЗНАМ. Граѓаните заслужуваат подобро. Заслужуваат одговори и решенија, а не закани. Заслужуваат резултати, а не лаги. Време е за вистина и правда. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одборТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
МакедонијаПетрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајностМолкот на Филипче е негов политички избор. Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија. Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност. Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција. Почитувани граѓани, молкот на Филипче е негов политички избор. Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан. Со таквиот однос Филипче испраќа порака дека за него е поважно да не ги наруши односите со своите политички истомисленици во Бугарија, отколку да застане во одбрана на македонските државни интереси. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтартува Културното лето на Кисела Вода!Под слоганот „Кисела Вода - најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, вечерва во 20 часот, официјално започнува големото Културно лето во организација на Општина Кисела Вода. Во следните три фестивалски дена, публиката ќе има можност да ужива во богата програма и настапи на еминентни македонски, но и големи балкански музички ѕвезди. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи вечерва во населбата Драчево, на локацијата кај Крстот. Програмата започнува во 20 часот со настап на КУД „Китка“, по кои концерт ќе одржи Андријана Петрушовска. Потоа, пред публиката ќе настапи ансамбл специјално создаден за оваа пригода, составен од ученици од основните општински училишта од Драчево, ученици од ЕМЦ „Наши ноти“ и ученици од традициската насока при ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, сите под менторство на Вера Милошевска Јосифовска и групата „Љубојна“. Првата фестивалска вечер ќе ја затвори Никола Станишиќ. По вечерашното отворање, за време на викендот, односно во сабота и недела, забавата продолжува во паркот Расадник каде ќе настапат Лозано, големата балканска ѕвезда Војаж, популарното дуо „2Бона“, раперот Таско, Влатко Миладиновски, ДЈ Марио Трампет и ДЈ Доријан , како и млади бендови и талентирани ученици. Низ трите фестивалски дена и богатата музичка програма, публиката ќе ја водат водителите Миро Кацаров и Кристина Димитри. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да бидат дел од оваа значајна културна манифестација.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00