НБАНБА го претстави новиот формат на Ол-стар натпреварот НБА објави промена во форматот на Ол-стар натпреварот, кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари 2026 година.Натпреварот ќе се игра во формат „САД против Свет“. Наместо традиционалниот натпревар меѓу двете конференции, сега ќе се натпреваруваат три екипи од по осум играчи: два американски тима и еден составен од играчи од други земји. Секој тим ќе започне со петте играчи кои добиле најмногу гласови од навивачите, новинарите и играчите. Секој тим ќе има и три резерви. Првите три четвртини од Ол-стар натпреварот се закажани како кружен турнир помеѓу три екипи, при што секој тим ќе игра двапати. Најслабата екипа ќе отпадне, а останатите две ќе се соочат во последната четвртина. Во случај на ист број победи по првите три четвртини, ќе победи тимот со поголема кош-разлика. Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСовремена болница и поквалитетно здравство за граѓаните на источна МакедонијаПланираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар.Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар. Проектот предвидува завршување на главниот болнички објект, современа медицинска опрема и функционално поврзување на сите одделенија. „Завршувањето на Клиничката болница Штип е долг кон граѓаните на источна Македонија. Сакаме овде пациентите да добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга, а здравствените работници и студентите да имаат современи услови за работа, практична настава и професионален развој“, истакна министерот Клековски. Клиничката болница Штип е единствениот клинички регионален центар во источниот дел на државата. Таа директно им служи на околу 150.000 граѓани, а нејзиното пошироко гравитациско подрачје опфаќа приближно 250.000 жители. Со завршувањето на комплексот, пациентите ќе добијат подобра дијагностика, третман и итна медицинска помош поблиску до местото на живеење. Истовремено, ќе се намалат упатувањата кон Скопје, а ќе се создадат подобри услови за развој и задржување на младиот медицински кадар во регионот. Со претставниците на Светска банка беа разгледани следните чекори – техничките и финансиските анализи, моделот на финансирање, проектната документација и механизмите за контрола на квалитетот, трошоците и роковите. Министерството за здравство, во координација со Фондот, Општина Штип, Клиничката болница и другите надлежни институции, ќе обезбеди транспарентност и строг надзор во секоја фаза од проектот. Новата Клиничка болница Штип ќе значи посилно здравство, помал притисок врз Скопје и квалитетна здравствена услуга поблиску до граѓаните на Источна Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28 Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,1 степен, што ја погоди јапонската префектура Кумамото на островот Кјушу, достигна 28, соопшти денеска портпарол на јапонската влада.„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција во Токио, пренесе Кјодо. Локалните власти соопштија дека денеска продолжиле напорите за пребарување и спасување во урнатиот трговски центар и оштетената фабрика за хартија. Од префектурата соопштија дека шест лица биле без свест и не покажувале витални знаци. Меѓу жртвите, пет лица се наоѓале во трговскиот центар „Еон“ во Кашима, кој претрпе експлозија по земјотресот, а осум биле во фабриката на „Нипон пејпер индустрис“ во Јацуширо, каде што неколку оџаци претрпеле сериозни оштетувања. Железничката линија „Кјушу Шинкансен“ меѓу станиците Кумамото и Кагошима-чуо сè уште не е во функција, бидејќи операторот врши проценка на штетите. Заклучно со среда навечер, илјадници домаќинства биле без струја или вода, што предизвикало загриженост за состојбата на евакуираните лица. Според податоците од утринава, повеќе од 10.000 луѓе престојуваат во центри за евакуација, соопштија властите на префектурата Кумамото. Префектурата Кумамото беше погодена и од разорен земјотрес во 2016 година, кога загинаа најмалку 50 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациентиВо јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информира преку соопштение министерството за здравство. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook