НБА ѕвездата запроси манекенка во авион полн со рози, таа покажа и прстен - Канал 5

НБА ѕвездата запроси манекенка во авион полн со рози, таа покажа и прстен

Кошаркарот Кајл Кузма и манекенката Вини Харлоу се верија, а радосната вест ја споделија на Инстаграм со серија заеднички фотографии направени во приватен авион украсен со црвени рози.

НБА ѕвездата запроси манекенка во авион полн со рози, таа покажа и прстен

Како што пишува Вог, романтичното запросување се случило на островите Туркс и Каикос, кои Кузма и Харлоу ги посетиле заедно за прв пат во 2022 година.

Кошаркарот ја запроси манекенката со дијамантски прстен од 8,5 карати,за време на летот, Кузма почнал да чита песна, а потоа побарал од Харлоу да седне до него.

„За секунда помислив: „Би било толку слатко ако ова беше предлог“, изјави Харлоу за Vogue. "Но, јас не сум тип на човек кој сака да погоди или да го расипе изненадувањето. Така што тоа беше само минлива мисла во мојата глава", рече таа.

Кошаркарот на Милвоки Бакс тогаш, по пет години врска, ја запроси Харлоу со дијамантски прстен од 8,5 карати. "Никогаш навистина не ја прашав каков прстен ѝ се допаѓа. Сакав да и подарам нешто што личи на неа - нешто елегантно, но безвременско и едноставно во исто време", сподели тој. Тие се заедно од 2020 година.

Двојката е заедно од 2020 година, иако Кузма првпат се обиде да стапи во контакт со манекенката преку Инстаграм една година порано.

„Ми испрати порака пред една година, но јас никогаш не ја видов. Не знам што не е во ред со Инстаграм, но тоа никогаш порано не ми се случило“, изјави Вини додека гостуваше во една ТВ емисија. „Една година подоцна, во екот на карантинот поради пандемијата, тој повторно ми испрати порака и ја објави мојата слика, на што јас одговорив и реков: „О, здраво! и така започна се“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

Иако во пресрет на самитот на НАТО главната порака треба да е единство, антагонизмите меѓу сојузниците никогаш досега можеби не биле поизразени.

Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар.

„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Трутх Социал, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара,- – изјава Трамп на Трут сошијал.

Ваквата реторика дополнително ги разнишува трансатлантските односи во момент кога сојузниците треба да разговараат за зголемување на одбранбените трошоци од сегашните 3 на 5 отсто од БДП во наредните години, зајакнување на воените капацитети и барање на излез со војните во Украина но и Иран.

Дополнително, во Анкара, се очекува Канада да предложи иницијатива за формирање на т.н Банка за одбрана - нова меѓународна финансиска институција чија цел ќе биде дополнително да ги поддржи одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, институцијата првично би располагала со финансиски капацитет од околу 133 милијарди долари, а засега 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, која според сегашните планови, на институцијата би можело да се приклучат дури 40 земји.

Засега, не се споменуват кои земји би членувале во оваа институција, кои би биле обврските но и какви кредити односно дополнителни инвестиции од сегашните воените капацитети на државите членки ќе се вршат покрај сегашните одвојувања кои се прават од буџетите на сојузниците.

Од друга страна Македонија, како што истакна неодамна министерот за одбрана Владо Мисајловски, веќе издвојува 4% од БДП за НАТО вклучително и за инвестициите во коридорите 8 и 10.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можности

Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можности – порача шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на формуот посветен на градење отпорни бизниси во неизвесен свет.

Муцунски: Дипломатските односи мора да се претвораат во економски можности

Во обраќањето, Муцунски нагласи дека прашањето повеќе не е дали ќе има промени, туку тие промени да се претворат во конкурентска предност

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УСЈЕ пред нова еколошка дозвола

Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ.

УСЈЕ пред нова еколошка дозвола

Во овие моменти во Министерството за животна средина се одржува јавна расправа посветена на постапката за издавање нова а-интегрирана еколошка дозвола на УСЈЕ, документ што ќе ги утврди условите под кои компанијата ќе работи во наредниот седумгодишен период.

Распрвата ја следи колегата Игор Манасиевски.

Игор за почеток кој се присуствува на расправата и која е целата на истата?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер