Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм
1Филипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограм
Шоу бизНБА ѕвездата Вестбрук е косопственик на фудбалскиот клуб ЛидсЅвездата на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук, му се придружи на американскиот конзорциум „49ers Enterprises“, кој во јуни се здоби со контролен пакет акции во фудбалскиот клуб Лидс.Триесет и четиригодишниот кошаркар веста ја соопшти вчера на спортско-забавен самит. Кога точно Вестбрук официјално вложил и колкава е акцијата сѐ уште не се знае. „49ers Enterprises“ купи мнозински удел во клубот од поранешниот сопственик Андреа Радрицани. Конзорциумот плати околу 213 милиони за 56 отсто од акциите во Лидс. Клубот ја напушти Премиер лигата на крајот на минатата сезона. Летово Вестбрук потпиша нов двегодишен договор со Клиперс вреден осум милиони долари. Во текот на сезоната 2022/23, тој играше за Лејкерс, но беше разменет во Јута, која го откупи договорот на играчот. После тоа, дефанзивецот замина во Лос Анџелес клиперс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од Тиквешко: Понижувачки се откупните цени на грозјето – СДСМ со закон ќе бара 5 денари повеќе за секој килограмВо изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција.Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично зголемите и не се покриваат со најавените откупни цени со кои лозарите не можат да обезбедат ниту солиден приход за егзистенција. „Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето“, рече Филипче. Тој додаде дека во ваква состојба на зголемени трошоци за прооизводство неопходно е зголемување на откупните цени на грозјето, за што најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за 5 денари повисоки откупни цени за сите сорти грозје. „Бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм“, рече Филипче Воедно, Филипче најави дека СДСМ ќе побара да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов за да ја платат веднаш целата откупена количина на грозје, како носење на интервентна мерка за откуп на црното грозје. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаОд почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци301.835 за брзо возење, 180.378 за возила со странски регистарски ознаки.Министерството за внатрешни работи ја известува јавнота дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19.08.2026 до 20.08.2026 регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратонШеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook