НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Лавров тврди дека се водат разговори за Северен тек со Вашингтон

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека враќањето на руските енергетски испораки за Европа е во интерес и на Москва и на Вашингтон, тврдејќи дека се водат разговори за гасоводот Северен тек.

Лавров тврди дека се водат разговори за Северен тек со Вашингтон

-Во моментов, се разбира, има несогласувања. Но, интересот за враќање на нормалното снабдување со енергија во Европа не е само интерес на САД и Русија, рече Лавров. „Се зборува за Северен тек. Би било интересно ако Американците го искористат своето влијание врз Европа и ја принудат да не се откаже од рускиот гас“, тврди тој.

Гасоводите „Северен тек“, кои ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море, беа клучни рути за извоз на руски гас во Европа. Северен тек 1 започна со работа во 2011 година, додека Северен тек 2 беше завршен, но никогаш не беше пуштен во употреба. /МИА

Колку ќе инкасира победникот на Светското клупско првенство?

Победникот на Светското клупско првенство ќе добие 115 милиони евра, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Колку ќе инкасира победникот на Светското клупско првенство?

ФИФА, која на почетокот на март објави дека вкупниот награден фонд за првенството ќе изнесува 925 милиони евра, денеска детално ја објави распределбата на споменатата сума.

Европските клубови ќе го добијат поголемиот дел од оваа сума, при што клубовите од Европа ќе заработат помеѓу 12,81 и 38,19 милиони долари, во зависност од успехот на теренот и комерцијалните критериуми.

Јужноамериканските тимови ќе добијат по 15,21 милиони долари бонуси за учество, додека клубовите од Северна Америка, Централна Америка, Азија и Африка ќе добијат 9,55 милиони долари, а претставникот од Океанија 3,58 милиони долари.

Засилени инспекциски контроли низ угостителските и објектите за домување во Охрид

Комбинирани инспекциски служби составени од претставници на полицијата, финансиската полиција, на Дирекцијата за заштита и спасување и на пазарната инспекција изминатите денови спровеле контроли на ноќните клубови, дискотеките и кабареата во Охрид.

Засилени инспекциски контроли низ угостителските и објектите за домување во Охрид

Контрола била извршена на сите угостителски објекти што изминатите две години поседувале лиценца за работа како кабареа или диско-клуб.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска пред медиумите посочи дека истовремено се спроведува и контрола на угостителските објекти, што како практика се спроведува секоја година во овој период од годината кога до Општината се доставуват елаборати за урбана опрема што се постаува на јавните површини и пред угостителските објекти.

Истовремено, тој истакна дека се врши контрола и на хидрантите во станбените објекти низ градот. Пецаков тука посочи дека поради негрижа и неодржување сите системи во објектите за колективно домување се најчесто нефункционални, притоа нагласувајќи ја неопходноста од нивно повторно оспособување.

- Таа состојба треба драстично да се промени иако Општината е таа која треба да препорача, зошто други се законите, инспекциите кои ги контролираат, истакна тој.

Што се однесува на јавните установи низ градот, Пецаков со оценка дека состојбата генерално е во ред.

- Во изминатите четири пет години во најголем дел од образовните институции со извршените реконструкции беа потребни и елаборати за противпожарна заштита и истите се контролирани од страна на инспекторот на Дирекцијата за заштита и спасување. Сите недостатоци доколку ги имале, минатата недела имаше состанок од страна на лицето вработено во Општина Охрид за безбедност заедно со претставници на училиштата, ќе бидат отстранети, но генерално состојбата во јавните установи, основните, средни училишта, градинки и спортски сали е во ред, рече тој.

притисни ентер