НБА ѕвезда потпиша договор од 193 милиони долари и сите ги воодушеви со реакцијата

Ѕвездата на Мемфис, Гризлис Џа Морант (22) потпиша нов договор со актуелниот клуб на пет години, што ќе му донесе дури 193 милиони долари.

Морант минатата сезона имаше договор за дебитант, а бидејќи имаше фантастична сезона, Мемфис му понуди речиси 200 милиони долари за пет години. Минатата сезона тој постигнуваше 27 поени по натпревар и имаше седум асистенции и шест скока.

Морант на социјалните мрежи објави фотографија од маж кој ужива во парите и накратко напиша: „По ѓаволите“. Тој статус стана инстант хит.

Легендарниот Роџер Вотерс на неговата турнеја низ САД го нарекува Бајден воен злосторник(ВИДЕО)

Роџер Вотерс, англиски музичар и ко-основач на групата Пинк Флојд, го нарече американскиот претседател Бајден воен злосторник.

Вотерс моментално е на турнеја во САД, а како дел од визуелните ефекти на концертите покажува фотографија од Бајден со натпис „воен злосторник“.

Вотерс го објасни својот став во неодамнешното интервју за CNN. „Претседателот Бајден? Тој додава масло на огнот во Украина, за почеток. Тоа е огромно злосторство. Зошто Соединетите Американски Држави не би го охрабриле претседателот Зеленски да преговара за запирање на оваа страшна војна во која загинаа... ние не дури знаеме колку Украинци и Руси? рече рокерот.

„Мораме да ја погледнеме историјата и да утврдиме кога започна војната. Можеме да кажеме дека започна во 2008 година. Оваа војна се сведува на акциите и реакциите на НАТО, кој посегнува по руската граница, што ветија дека нема да го направат во преговорите со Горбачов, кога советската армија се повлекуваше од цела Источна Европа“, додаде тој.

Тој рече дека САД немаат улога на ослободител, а тоа го спореди со Втората светска војна во која влегоа САД по јапонскиот напад на Перл Харбор: „Пред тоа бевте изолационисти. Да не заборавиме дека во Втората светска војна 23 милиони Руси загинаа штитејќи ме мене и тебе од нацистите“.

Во продолжение Вотерс се осврна на ситуацијата на Пацификот: „Кина не го опколи Тајван. Тајван е дел од Кина и тоа е прифатено во меѓународната заедница од 1948 година. А ако не го знаете тоа, тогаш не читате доволно."

Сем Асгари ја брани Бритни по изјавата на поранешниот дека нејзините деца не сакаат да ја видат

Сем Асгари, сопругот на Бритни Спирс, се огласи по изјавите на поранешниот сопруг на пејачката, Кевин Федерлајн.

Имено, Федерлајн изјавил дека децата „не сакале да ја видат Бритни и не сакале да одат на нејзината свадба“. Спомна и како се чувствуваат непријатно бидејќи Бритни објавува разголени фотографии на Инстаграм.

„Му посакувам сѐ најдобро и се надевам дека ќе гледа попозитивно во иднината за доброто на сите вклучени. Но засега чувајте го името на мојата сопруга надвор од јавноста“, напиша Асгари на Инстаграм.

„Неодговорно е да се даваат такви изјави. Момчињата се многу паметни. Наскоро ќе наполнат 18 години и ќе можат сами да носат одлуки. Ќе сфатат дека е тешко да се има татко кој не направил многу да биде пример за нив. Ова наскоро ќе заврши. Не го познавам лично Кевин и немам ништо против него, освен што ја клеветеше мојата сопруга“, додал Сем, пренесува Page Six.

Потсетуваме, по изјавата на Кевин се огласи и Бритни.

"Тажно е да се слуша мојот поранешен сопруг како зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот што причината се базира на мојот профил на Инстаграм. Беше многу пред Инстаграм.Им дадов сѐ...Само, мама ми рече дека треба да им ги дадам на нивниот татко...“, напиша пејачката на Инстаграм.

Инаку, Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2007 година.

Трифун Костовски утре во „Жешко политичко лето“

Утре (9.8.2022 година) во „Жешко политичко лето“ ќе гостува бизнисменот Трифун Костовски.

Доколку имате прашања до нашиот гостин испратете ги најдоцна до 12 часот (9.8.2022 година) на електронската пошта: [email protected] Ве молиме доколку сте од политичка партија праќајте од вашите официјални електронски пошти, а доколку сте граѓани, пишувајте ни од вашата електронска пошта, но прикачете и ваша фотографија.

притисни ентер