НБА ѕвезда низ солзи: Мајка ми е во кома поради коронавирусот (ВИДЕО)

Многу луѓе сè уште го сметаат коронавирусот како нешто апстрактно и не ја сфаќаат неговата сериозност сè додека не се зарази некој близок .

Така беше и со ѕвездата од Минесота Тимбервулвс, Карл-Ентони Таунс, чија мајка завршила во болница во кома заради вирусот.

КАТ објави на социјалните мрежи скоро шестминутно видео во кое емотивно ја раскажува состојбата во семејството:

„Ја споделувам мојата приказна со надеж дека сите ќе останат дома. Ни треба повеќе опрема и треба да му помогнеме на медицинскиот персонал од првите редови. Благодарност до докторите кои и помагаат на мајка ми. Вие сте вистински херои. Вие се вистинските херои. Се молам за сите нас во овие тешки времиња."

Таунс на снимката рече дека неговите родители добиле симптоми, и додека неговиот татко бил во релативно добра состојба , состојбата на неговата мајка се влошува.

„Температура не и се спушташе. Состојбата со кашлица и белите дробови се влошуваше, таа се распаѓаше од ден на ден. Еден ден се чинеше дека се подобрува. Беше во добро расположение и разговаравме, но одеднаш состојбата се влоши, се мачеше со дишењето ... Се обидов да ја охрабрам, да биде позитивна, и велев секој ден колку ја сакам, а таа ми кажуваше работи што не сакав да ги слушнам.

Сега е во кома и од тогаш не сум зборувал со неа, добивам само известувања за нејзината состојба. Гадно е.

Го снимам ова за да можат луѓето да разберат колку е сериозно. Не го сфаќајте вирусот лесно, заштитувајте ги вашите семејства, најблиските, пријателите, себеси, одржувајте ја социјалната дистанца. Ќе се бориме и ќе победиме, мајка ми е најсилната жена што ја познавам. Ве сакам сите “, заврши кошаркарот со солзи во очите.

Италијаните му продале заштитен остров на Украинец за 10 милиони евра

Италијанскиот остров Галинара во Лигурското Море е продаден за повеќе од 10 милиони евра на украинскиот бизнисмен Александар Богуслаев, јавија денес италијанските медиуми.

Според Кориере дела Сера, Богуслаев (42) е син на украинскиот претприемач и политичар Бијачеслав Богуслајев, сопственик на компанија која била лидер во производството на мотори за авиони и хеликоптери.

Куќите во форма на желка на островот, кои се наоѓале на 1,5 километар крај брегот на Лигурија меѓу Аласија и Албенка, некогаш припаѓале на Римокатоличката црква, а во последните 150 години на богатите банкари и индустријалци, бидејќи биле приватизирани.

Весникот наведува дека тој потпишал договор со претставниците на девет семејства од Лигурија и Пиемонте, кои биле сопственици во последните 40 години.

Се додава дека Александар Богуслајев поседува недвижен имот и на југот на Франција.

Островот е прогласен за заштитен парк на природата и не е достапен за туристите , пишува„ Кориере дела Сера “.

Со комбинација на лекови, кубанските лекари ги излекувале болните од корона

Голема група кубански научници и лекари објавија студија која сè уште е препринт (не ја поминала т.н. стручна рецензија) што укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на САРС-КоВ-2 .

Заразените со коронавирусот се лекувале со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б.

Според сознанијата на кубанските научници, интерферон-терапијата „негативно“ делува на РНК во вирусите. Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус. Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.

Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите. RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.

Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентитево втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.

По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата. Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.

И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.

Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.

Запленет имотот и две телевизии на албански бизнисмен поради шверц со дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното јавно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, шуми, возила, вклучувајќи Ролс Ројс и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение, потврдени со докази дека Или Ндроки, познат и како Џамал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден како одел во полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Ндроки претходно бил уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но бил ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во кавга со градоначалникот на Тирана.

притисни ентер