3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
КошаркаНБА ѕвезда доживеа тешка повреда на лицето и потрес на мозокот (ВИДЕО)Џоел Ембиид успеа да ги внесе Филаделфија 76ерс во втората рунда од НБА плеј-офот, но тоа го плати со повреда на лицето која на неодредено време ќе го оддалечи од паркетот или не се знае колку натпревари ќе пропушти.За Ембиид ова е најдобрата сезона во неговата кариера и заедно со Никола Јокиќ и Јанис Антетокунмпа е кандидат за МВП. Во шесте натпревари од серијата против Торонто Репторс имаше просек од 26,2 и 11,3 скока, но сакаше уште повеќе и откако последниот натпревар беше одамна решен. it's a bird, it's a plane, it's JOEL EMBIID. ✈️😏 pic.twitter.com/QwnDLTtVAY — Philadelphia 76ers (@sixers) April 29, 2022 Сиксерси имаа неверојатни 27 поени на нешто повеќе од четири минути пред крајот на шестиот натпревар во Торонто. Иако е обичај во НБА лигата во вакви случаи да се пуштаат резерви, сепак Ембиид беше на паркетот, а по едно силно забивање ги испровоцира домашните славејќи како авион. The play where Joel Embiid got injured pic.twitter.com/GYWDUxupoU — NBACentral (@TheNBACentral) April 30, 2022 Веќе следниот момент, кармата го стигна. Паскал Сијакам се втурна под кошот и ненамерно го удри со лакт во лицето. По натпреварот му беше констатирана скршеница на десната јаболчница и благ потрес на мозокот. Засега нема индикации дека ќе биде подготвен за првиот натпревар од полуфиналната серија на Западот против Мајами ноќта од понеделник кон вторник. Scottie Barnes had to be helped off the court after suffering an apparent ankle sprain that Joel Embiid stepped on 😦pic.twitter.com/e1wufpUmFj — ClutchPoints (@ClutchPointsApp) April 17, 2022 Сиксерси дојдоа на недостижно водство од 3-0 со тројката на Ембиид во последната секунда од судиското продолжение за третиот натпревар. Кога Барнс се врати, Рапторс возвратија со две победи и ја искомплицираа серијата пред да се распаднат во втората половина од шестиот натпревар. Ембиид веќе имаше слична повреда во кариерата, само од другата страна на лицето. Потоа, во 2018 година, тој мораше да се оперира, пропушти три недели и се врати со заштитна маска. Лекарите велат дека овој пат нема да биде потребна операција, но се уште е сосема неизвесно колку долго ќе отсуствува камерунската суперѕвезда. Плејоф серијата на НБА трае најмногу две недели, доколку се продолжи на седум натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
СветУкраинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитетиСпоред два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп. Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. An oil refinery in Yaroslavl, one of the top five largest oil refineries in Russia, is on fire. However, the governor of the region confidently claims that all UAVs were shot down. https://t.co/1uLixMmL14 — WarTranslated (@wartranslated) August 6, 2026 Значителен пад Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии. Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно. До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите. Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга. Ukrainian drone strikes hit the Yaroslavl oil refinery in western Russia on Thursday, one of the country's five largest. https://t.co/imC8IJUwIZ — Open Source Intel (@Osint613) August 6, 2026 Постојани напади Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена. Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата. Извор: Индекс.хрТагови: напади русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter