Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
1Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
2Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
1Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
НБАНБА: Дурент ги прави лигата и клубовите загрозениИако прескапо платен, НБА ѕвездата Кевин Дурент пред две седмици побара од Бруклин да биде заменет.Тоа го прокоментира и првиот човек на лигата Адам Силвер кој истакна дека воопшто не му се допаѓа потегот на кошаркарот. Тој појасни дека односите играч – клуб треба да бидат двонасочни, а не да се бара преку леб погача во ситуација кога клубовите трошат многу пари на договорите. Според Силвер ваквите барања за трејд се неприфатливи и прават штета на лигата генерално. Дурент ја шокираше кошаркарската јавност кога побара да биде дел од замена иако минатата година Бруклин му потпиша четиригодишен договор вреден 194 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
АвтомобилизамНово кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?„Leapmotor B03“ пристигнува на почетокот на 2027 година. Што нуди овој електричен автомобил, кој цели кон европските фаворити?„Leapmotor B03“ е нов електричен хечбек што треба да се појави на европскиот пазар во 2027 година. Со досег до 389 километри, мотор со 194 КС и очекувана цена од околу 25.000 евра, овој модел е наменет за купувачите на „Volkswagen ID.“ „Polo“ и „Renault 5“. „B03“ е европската верзија на моделот што во Кина се продава како „B05“. На домашниот (кинески) пазар, цената започнува под 7.500 евра, а возилото е достапно со систем за помош на возачот базиран на „LiDAR“ технологија. Европската верзија нема да ја содржи таа технологија, а цената ќе биде значително повисока. Новиот модел е позициониран над помалиот „Leapmotor T03“ и под кросоверот „B03X“. „Leapmotor“ е делумно во сопственост на групацијата „Stellantis“. Одлични перформанси и брзо полнење Го придвижува електромотор со 194 КС (143 kW), кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди. Батеријата од 53 kWh обезбедува деклариран „WLTP“ досег од 389 километри. Максималната моќност на полнење со еднонасочна струја (DC) изнесува 133 kW, што овозможува полнење на батеријата од 10% до 80% капацитет за 21 минута. Ова би можело да го направи „B03“ интересен избор за купувачите кои ги ценат перформансите и практичноста, како и цената. Багажникот е поголем од оној на „Renault 5“, иако конкурентот од „Volkswagen“ нуди уште повеќе простор. Сепак, „Leapmotor“ има една практична предност: предното совозачко седиште може целосно да се преклопи, што го олеснува транспортот на подолги предмети. Исто така, постои простор за складирање под подот, погоден за мокри или калливи обувки и облека. Богата опременост, но ненаметлив дизајн И надворешноста и внатрешноста на моделот „B03“ се одликуваат со прилично едноставен дизајн. Во кабината доминираат централен екран на допир со дијагонала од 14,6 инчи и дигитална инструмент-табла од 8,8 инчи. Многу од функциите се управуваат преку гласовни команди, додека бројот на физички прекинувачи е сведен на минимум. Стандардната опрема вклучува автоматски LED-предни светла, електрично склопливи ретровизори, греење на возачкото седиште со електрично подесување во шест насоки, топлинска пумпа и „V2L“-функционалност за напојување на надворешни уреди. Се очекува продажбата во Европа да започне во 2027 година, а предвидената цена од околу 25.000 евра ќе го позиционира „B03“ како алтернатива на електричните модели од етаблирани европски производители. Извор: Б92Тагови: Европа електрично возило Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев? Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев.Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински извештај за Ива Михаилова, во кој јасно ќе стои дека нејзиното понатамошно лекување нема да може да се спроведува во Македонија, туку во соседна Бугарија? Единствената цел на овој процес е директна штета на Македонија и ново омаловажување и потценување на интегритетот на македонскиот народ. Имено, за осомничената Ива Михаилова, која инаку е осомничена во кривично-правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, криминалниот другар и доктор на Филипче и Заев, Иван Барбов, изготвил извештај на ден 19.03.2026 година, во кој јасно се наведува дека нејзиното понатамошно лекување мора да продолжи во соседна Бугарија. Почитувани граѓани, Потегот на бугарските власти кои на високо ниво ја пречекаа или пак ќе ја пречекаат во следните денови, Ива Михаилова, беше осудено од страна на македонските надлежни институции, но и од голем дел од политичките партии, само СДС и Филипче во ниту еден момент не ја спомнаа ниту Бугарија, ниту бугарските власти. На граѓаните веќе им е јасно дека СДС и Филипче одработуваат за источниот сосед, но дека ќе отидат толку далеку, искрено и ние не очекувавме. Ги повикуваме надлежните органи да го истражат овој случај. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоаМинистерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен сл-Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај – вели Клековски. Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа, со смртни последици. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михаилов.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00