НБА: Доминација на домашните екипи - Канал 5

НБА: Доминација на домашните екипи

Во најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата утринава се одиграа само три средби, на кои убедливи  победи запишаа домашните екипи.

НБА: Доминација на домашните екипи

Најубедлив триумф забележа тимот на Бостон на дербито против Њујорк.

Резултати:

Бостон – Њујорк 128:100

Портланд – Феникс 108:86

Јута – Хјустон 118:91.

Пласман Западна конференција: Денвер 17-7, (победи – порази), Оклахома 16-7, ЛА Клиперс 16-8, Голден Стејт 17-9, ЛА Лејкерс 15-9.

Пласман Источна конференција: Торонто 21-5, Милвоки 16-7, Филаделфија 17-9, Детроит 13-9.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!

Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува  дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратеници.

ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!

Партијата ВРЕДИ испрати соопштение во кое пишува дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи, од владејачката партија ВРЕДИ, но и заменик-генералниот секретар во владата, Хасим Муртезани.

Пратениците биле задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца имаат дипломатски пасоши ,велат според информациите што неофицијално ги соопштила граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување.

ВРЕДИ бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници. Лидерот на пратеничката група на Демократска партија на Албанија, Газмент Барди изрази поддршка за пратениците на ВРЕДИ ,, Ниту една институција на Албанија нема право да се однесува на овој начин кон легитимните претставници на Албанците од Македонија. Дополнително, напиша оти ваквите постапки се неприфатливи, спротивни на уставот на државата ниедна институција на албанската држава нема право да се однесува кон легитимните претставници на Албанците од Македонија на понижувачки начин. Барам полицијата веднаш да даде јавно и транспарентно објаснување за овој настан. Албанија секогаш мора да биде држава која ги поздравува, почитува и заштитува албанците, а не држава каде што тие се чувствуваат навредено или попречено. Ова не е само правно прашање, туку и национална и морална обврска“,напиша Барди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°C

Времето денска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. 

Сончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°C

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Температурата ќе се движи од 10°C минималната на повисоките места до 33°C максималната во југоисточниот крај.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. температурата во амкедонската престолнина ќе с едвижи од 11 до 31°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делови од Скопје неколку часа ќе бидат без струја

Делови од Скопје денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЕВН Македонија.

Делови од Скопје неколку часа ќе бидат без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат:

- Advertisements -

од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај);

од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром);

од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“;

- Advertisements -

од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер