НБА: Дербито во Оклахома Сити за шампионот Мајами - Канал 5

НБА: Дербито во Оклахома Сити за шампионот Мајами

Првакот во НБА лигата Мајами постигна убедлива победа (22 поена разлика) на гостувањето кај тимот со најдобар биланс во лигата Оклахома Сити. Мајами предводен од Леброн Џејмс ноќеска победи со 103:81 и доколку продолжи со добрите резултати има шанси да избие на првата позција во Источната конференција.

НБА: Дербито во Оклахома Сити за шампионот Мајами
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 33 поени, а одлична „помош“ имаше од Двејн Вејд и Крис Бош кои реализираа по 24 поени. Кај домашните Кевин Дјурант постигна 28 поени.

На другите два натпревара одиграни ноќеска: Милвоки - Денвер 90:101 и Голден Стејт - Хјустон 102:99 по продолжение.

Пласман Источна конференција: Индијана 41-13 (победи-порази), Мајами 39-14, Торонто 29-25, Чикаго 28-25, Вашингтон 26-28, Бруклин 25-27, Атланта 25-28, Шарлот 25-30,...

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-13, Сан Антонио 40-15, Хјустон 37-18, ЛА Клиперс 37-19, Портланд 36-18, Феникс 32-21, Голден Стејт 33-22, Далас 32-23,...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Со итен медицински транспорт, од Турција денеска во земјава се префрла младото момче кое се здобило со тешки повреди на вратните пршлени по пад од тобоган во Кушадаси. 

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Транспортот го организира министерството за здравство со владиниот авион, со придружба од специјален тим од клиниката за трауматологија. Последните информации ги има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

Влен бара од обвинителството јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, па Артан Груби наскоро ќе биде пуштен од домашен притвор.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

-Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?“, прашуваат од Влен нарекувајќи го поранешниот висок функционер „црната кутија на ДУИ“ зашто поседува информации за начинот на кој во минатото се носеле одлуки и се склучувале зделки во партијата.

Од ДУИ возвратија дека токму ваквото јавно прозивање на обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците од струмичкиот регион и денеска со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на капијата, наменета за конзервно преработувачките капацитети.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади, бидејќи велат дека е несфатливо лани пиперките да се откупувале за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.

За проблемот вчера средба имале и со министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој, како што кажаа изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на земјоделците но ќе мора да седне на маса и со преставници на конзервно преработувачктие капацитети.

Земјоделците очекуваат конкретни резултати од средбата до втроник, во спротивно се закануваат со уште помасовни протести и блокади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер