3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаНБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниитеЗапочнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Историскиот чекор којшто се направи кога Европскиот совет за плаќањата го прифати барањето на нашата земја за приклучување кон СЕПА им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји, информираат од Народната банка (НБ). -Девет банки веќе се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери СЕПА на почетокот на октомври 2025 година. Согласно објавениот календар на Европскиот совет за плаќања, од 7 октомври 2025 година, плаќањата ќе бидат овозможени преку „НЛБ банка“ АД Скопје, „Стопанска банка“ АД Скопје, „Комерцијална банка“ АД Скопје, „Шпаркасе банка“ АД Скопје, „Халк банка“ АД Скопје, „Прокредит банка“ АД Скопје, „ТТК банка“ АД Скопје, „УНИ Банка“ АД Скопје и „Централна кооперативна банка“ АД Скопје. Останатите три банки интензивно работат на интеграцијата во оваа шема на СЕПА и се очекува дека ќе завршат најдоцна до крајот на првиот квартал од 2026 година, согласно рокот утврден со одлука на Народната банка, соопштија од НБ. Како што нагласуваат, според објавените официјални тарифи на овие 9 банки, плаќањата во евра со земјите од СЕПА се повеќекратно поевтини во споредба со постоечкото кореспондентно банкарство. Притоа, банките нудат пониски надоместоци за електронските плаќања во споредба со плаќањата на шалтерите. -Граѓаните ќе им плаќаат на банките во просек за шестпати помалку за електронско плаќање на износ од 500 ЕУР кон земјите од СЕПА, коешто чини околу 260 МКД наспроти 1600 МКД колку што плаќаат во моментов преку кореспондентното банкарство. За приливите во евра на истиот износ од земјите во СЕПА, граѓаните ќе плаќаат во просек двојно помалку, односно 140 МКД наспроти 280 МКД преку кореспондентното банкарство, прецизираат од НБ. Посочуваат дека трошоците на компаниите кон банките исто така значително се намалуваат. Така, за плаќање во евра кон земјите во СЕПА на износ од 20.000 ЕУР, компаниите ќе плаќаат во просек за осумпати помалку, односно надоместокот ќе изнесува околу 570 МКД наспроти 4.740 МКД преку кореспондентното банкарство. За приливите во евра на истиот износ од земјите во СЕПА, компаниите ќе плаќаат во просек тројно помалку, односно околу 390 МКД наспроти 1.180 МКД преку кореспондентното банкарство. -Народната банка и Македонската банкарска асоцијација ги повикуваат граѓаните и компаниите да ги користат придобивките од подготвеноста на банките за извршување на плаќањата во СЕПА од 7 октомври, при што во интерес на ефикасноста ги охрабруваат сѐ повеќе да ги користат дигиталните канали, се нагласува во соопштението од Народната банка.Тагови: СЕПА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТрагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации. Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR. Ηλιούπολη: Αγωνία για την διευθύντρια του 2ου Γυμνασίου που έπαθε ανακοπή από πτώση κεραυνού – Νοσηλεύεται στη ΜΕΘ https://t.co/zX0zwA4AsD — enikos.gr (@enikos_gr) September 22, 2026 50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата. Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми. Тагови: гром директорка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
СветПо пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранетиТурскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага. 11 people injured in shooting near a school in Turkey In the city of Manisa, a 15-year-old student opened fire on his classmates with a hunting rifle. After the shooting, the teenager fled on foot but was soon detained. His parents and grandfather, who owned the weapon, were… pic.twitter.com/7PIJzLp2RU — NEXTA (@nexta_tv) September 22, 2026 Тагови: Маниса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
СветСАД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со ДанскаДанска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише. Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска. Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.Тагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook