ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
2ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
МакедонијаНБ: Ги преземавме сите мерки за да ги заштити интересите на штедачите во „Еуростандард банка"„Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите на Банката. “По повод протестот на дел од штедачите во „Еуростандард банка" АД Скопје – сега во стечај, со депозити над законски гарантираниот износ за обештетување од 30.000 евра или со депозити коишто не се предмет на обештетување од страна на Фондот за осигурување на депозити, со цел правилно информирање, би сакале уште еднаш да се обратиме со известување до нив и до целата јавност. Во рамки на својот мандат и согласно со своите законски надлежности, Народната банка, пред укинувањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка" ги презеде сите расположливи соодветни супервизорски мерки за заштита на интересот на доверителите. Народната банка вложи и огромни напори за сопствениците на „Еуростандард банка" да го уплатат неопходниот капитал за опстанок на Банката, што ќе беше најповолно решение за штедачите. Откако беше констатирано дека и од сопствениците, и од потенцијалниот инвеститор посочен од нив нема подготвеност за вложување на потребниот капитал за законито и сигурно работење на Банката, единствениот начин да се заштити интересот на доверителите беше Народната банка да ја укине дозволата за работа на Банката и до надлежниот суд да предложи отворање стечајна постапка. Со укинувањето на дозволата на Банката се активираше законскиот механизам за брзо обесштетување на осигурените депозити преку Фондот за осигурување на депозити, до законски гарантираниот максимален износ од 30.000 евра, а со отворањето на стечајната постапка, имотот на Банката се стави на располагање на сите доверители. Во периодот од укинувањето на дозволата до започнување со работа на стечајниот управник, согласно со своите законски надлежности, Народната банка спроведе активности со кои го заштити имотот на „Еуростандард банка", што е важно за спроведувањето на стечајната постапка во којашто се подмируваат побарувањата на доверителите. Стечајната постапка којашто ја води стечајниот управник назначен од надлежниот суд, ја следи и контролира Одбор на доверители, којшто има законска можност да се заложи за ефикасноста на постапката. Во Одборот чиишто членови согласно со Закон ги предлага стечајниот управник, може да членуваат и претставник / претставници на штедачите – физички лица со депозити над 30.000 евра, како и претставници на правните лица - депоненти. И стечајниот управник и Одборот на доверители треба да обезбедат што е можно побрзо и поефикасно спроведување на стечајната постапка, од што зависи и наплата на побарувањата на депонентите кои не се предмет на обесштетување преку Фондот за осигурување на депозити. Потсетуваме дека согласно со Закон, Народната банка нема надлежности во спроведувањето на стечајната постапка. Како што веќе ја имаме известено јавноста, при поднесувањето кривична пријава до Јавното обвинителство, против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка" АД Скопје – сега во стечај, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите на Банката. Истовремено, потсетуваме дека за сите констатирани индиции за неправилности во работењето на „Еуростандард банка" коишто се во надлежност на други институции, Народната банка уште пред одземањето на дозволата на Банката има доставено соодветни известувања. Народна банка на Република МакеоднијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болницаЗдравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори.Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа. Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања. Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот. Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем. Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИбрахимовиќ прави акробации на море, се спореди со „Аквамен“ (ВИДЕО)Златан Ибрахимовиќ сподели видео од морски акробации во кои изведува акробации на флајборд, уред кој користи моќни водни млазови за да „лета“ над површината на морето.Видеото го прикажува 44-годишниот Ибрахимовиќ како „лебди“ неколку метри над водата додека е држен во воздух од моќни млазови. Контролирањето на таков уред бара добра рамнотежа и контрола на телото, а поранешниот фудбалер покажа дека е сè уште во одлична физичка форма. Во еден момент, тој нурна со главата напред во водата од флајбордот и накратко исчезна под површината. Не долго потоа, повторно се искачи во воздух, ги рашири рацете и позираше пред камерата. View this post on Instagram A post shared by Zlatan Ibrahimović (@zlatan) Се спореди со Аквамен Не му требаа многу зборови за да го опише снимката. Ибрахимовиќ накратко го напиша „Аквамен“ и на тој начин се спореди со познатиот суперхерој од светот на DC Comics кој е поврзан со океаните. Неговата објава брзо го привлече вниманието на следбениците, а многумина се потсмеваа на неговата позната самодоверба. „Аквамен ги добил своите моќи од Златан“, „Златан не се плаши од океанот, океанот се плаши од него“, „Злаквамен“ и „Само Златан може да го направи ова“ се некои од пораките што ги оставиле неговите следбеници.Тагови: Златан Ибрахимовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter