Назор: Моја прва задача е од квалитетни индивидуалци да направам тим што ќе победува - Канал 5

Назор: Моја прва задача е од квалитетни индивидуалци да направам тим што ќе победува

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, хрватскиот стручњак Анте Назор, во првото интервју како тренер на „штрковите“ изјави дека тимот засега не го покажува сиот потенцијал со оглед на играчкиот квалитет со кој располага.

Назор: Моја прва задача е од квалитетни индивидуалци да направам тим што ќе победува

- Првите два тренинга ми го потврдија тоа што го знаев и пред доаѓањето во Скопје, а тоа е дека на располагање имам исклучителни поединци, на кои, сепак, им недостасува хемија, но и одредена доза на пожртвуваност и на дисциплина. Ова се работи кои веднаш им ги посочив на играчите и им нагласив дека во следниот период ќе работиме напорно на нивно подобрување, со цел што е можно побрзо сето ова да го преточиме во тимски квалитет. Гледам дека има голем простор за напредок, нормално со напорна работа на сите што се дел од тренажниот процес, изјави Назор во интервјуто за клупската веб страна.

Според него досегашните резултати не се вистински одраз на капацитетот со кој располага овој состав.

- Моја задача е директно да влијаам врз овој проблем, но и кошаркарите мора самите да најдат начин како да се излезе на вистинскиот пат. Клучот е во тоа што сите ние треба да дишеме како еден, да нема никаква разлика меѓу нас и покрај фактот што доаѓаме од различни држави и што сме од различни националности. Ова сега е наш тим, за кој во секоја секунда мора да се бориме на паркетот. Кога ваквата свест ќе се разбуди кај играчите, тогаш сум сигурен дека ќе дојдат и многу подобри резултати, вели новиот предводник на аеродромци.

Хрватот очекува со напорна работа МЗТ Скопје да фати приклучок со екипите од горниот дел на табелата во АБА лигата.

- Со оглед на тоа што работите во Еврокупот се веќе завршени по низата порази, за почеток ќе мора да сториме се за да тргнеме кон средината на табелата од АБА-лигата. Но, ако се случи напредокот кој го очекувам, тогаш екипата ја гледам многу високо на сите други фронтови.

Назор дебито ќе го има следната недела, кога МЗТ Скопје Аеродром ќе и гостува на Игокеа, а три дена подоцна го очекува и првата обврска во Еврокупот, против Цедевита во Загреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија.

Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.

Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија

Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата трета придружничка.

Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).

На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.

Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.

Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер