Назначена лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана - Канал 5

Назначена лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

За лектор во Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана е назначена д-р Славица Свидерска, објави македонскот весник „Илинден“.

Назначена лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Таа пред ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и пред Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ, ги изложила предлозите за развој и афирмација на македонистиката на Универзитетот во Тирана.

-Отвораме важна страница од големата мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку повторно отворање на Лекторат по македонски јазик, литература и култура на Универзитетот за странски јазици во Тирана, Република Албанија. Ова е историски чекор напред за развој и афирмација на македонистиката во светот преку високообразовна соработка којашто отвора и процес на културна соработка преку градење на мостови меѓу двете култура, оценила ректорката Ангелова.

Повторното отворање на лекторатот, кој функционираше до пред повеќе од десет години е резултат на заедничките заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, секако со дипломатски заложби.

-Историски чекор е назначувањето лекторка по македонски јазик во Тирана,што е последователн чекор во реализирација на иницијативата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за повторно отворање на Лекторат. Покрај другото Лекторатот по македонски јазик ќе биде клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивањето на добрососедските односи и за градењето нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Додава дека интересот за изучување на македонскиот јазик во Тирана е голем, како кај македонското малцинство, така и воопшто во албанското општество, меѓу новите генерации филолози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. 

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар.

Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители.

Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер