Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветНавроцки го нападна Туск: Најлошиот премиер од 1989Идниот полски претседател, конзервативецот Карол Навроцки, најави остар отпор кон премиерот Доналд Туск, оценувајќи го како „најлошиот премиер што Полска го имала од 1989 година“. Во своето прво интервју по победата на претседателските избори во неделата, Навроцки за ДПА изјави дека од Претседателската палата ќе има „силна спротивставеност“ на политиките на Туск. - Ќе реагирам цврсто и решително на секоја провокација, порача Навроцки. Левичарско-либералната коалиција на Туск, која дојде на власт на крајот на 2023 година, е под зголемен притисок по поразот на либералот и градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, кој загуби од конзервативецот Навроцки во тесна трка за претседател. Победата на Навроцки значително ќе ги отежне обидите на Туск за спроведување проевропски реформи, со оглед на тоа што новиот претседател е евроскептик и ќе има право на вето. Туск најави дека на 11 јуни ќе побара доверба од парламентот за да ја потврди стабилноста на неговата коалиција. Навроцки, историчар по професија, ја доби поддршката од националистичкиот и конзервативен лидер на „Право и правда“, Јарослав Качински. За време на изборната кампања отворено најави дека му е цел да ја собори владината коалиција на Туск. Сепак, истакна дека би можел да соработува со Туск по прашања од стратешко значење, како благосостојбата на државата. Тагови: Навроцки туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во ГостиварДодека трае топлотниот бран, во Гостивар се уште нема питка вода. Во Центарот за управување со кризи во моментов во тек е седница на главниот штаб посветена на состојбата со водата, таму е Маја Стојановска. Дали наскоро гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте200-те повици дневно во брзата помош од граѓани кои имале проблеми, заради влошена здравствена состојба со високите температури. Најчесто се колапси, проблеми со крвниот притисок и сообраќајни незгоди. Докторите од брза помош објаснуваат дека влошено и психичкото здравје кај граѓаните кои веќе имале здравствени психички проблеми, а кај дел од граѓаните и заради проблеми со крвниот притисок од топлото време имаат пониска концентрација и се понервозни. Од Институт за јавно здравје со препораки до граѓаните да не се изглегува во најтоплиот период. Во случај на прегревање на телото сончаница, може да се појават симптоми како слабост, вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите. Во потешки случаи може да има има из забрзано чукаање на срецето, и губење на свест. Посебно внимателни треба се трудните жени, лицата над 60 годишна возраст и малите деца. Граѓаните да не излегуваат без вода за пиење, светла облека и зашита на главата и очите. Црвениот крст на терен во најтоплите денови во заштита на граѓаните. Тие на граѓаните им даваа вода и им кажуваа совети. Она што е важно во случај на некој да му се слоши треба да се даде прва помош и да се повика итна помош. Од Црвениот крст посебно внимаваат бездомните лица на кои им треба лекарска помош. Граѓаните во брзање ги завршуваат обврските до пладне, иако топлото е уште рано од сабајле. УХМР најавуваат топла работна седмица до 40 степен каде на некои места може да достигнат и над 40 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Македонија лидер во регионот: Патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%И ова може да биде вест во Република Македонија.Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај. 27,9% раст на патничкиот сообраќај – прво место меѓу земјите кои не се членки на ЕУ+, според ACI Europe. Меѓународниот аеродром Скопје е рангиран меѓу најбрзорастечките средни аеродроми во Европа, со раст од 28,6%. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја. Во текот на јули, охридскиот аеродром има раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Овие бројки се потврда дека инвестициите во нови авиолинии, развојот на аеродромите и поддршката на туризмот носат конкретни резултати за македонската економија. Бојан СтојаноскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook