Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница - Канал 5

Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница

Навивачот кој предизвика прекин на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Финска и Полска (2:1) почина во болница.

Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница

Во вторникот (10 јуни) квалификацискиот натпревар за Мундијалот 2026 беше прекинат во 73. минута бидејќи на еден од навивачите на трибините му се слоши. Лекарите му пружија прва помош на мажот и го хоспитализираа.

Фудбалерите за време на прекинот се повлекоа во соблекувалните. Подоцна, натпреварот продолжи и беше продолжен околу половина час.

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Италија и Германија наводно се заканиле дека ќе се повлечат од „Евросонг“, доколку на Израел му биде забрането учество. 

Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот

Прашањето се дискутира на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) - организаторот на музичкиот натпревар.

ЕБУ го почна своето 94. Генерално собрание минатата недела. Меѓу главните теми на дискусијата е и влијанието на глобалната политика врз „Евровизија“, особено учеството на Израел. Натамошното учество на оваа земја на натпреварот е во средиштето на многу разговори и протести последниве две години, поради војната против Палестинците. Во разговор за „Ен-12 њуз“ (N12News), поранешниот член на израелската делегација на „Евровизија“, Амир Алон тврди дека јавните радиодифузери на Италија и Германија се заканиле дека ќе се повлечат од Евровизискиот натпревар доколку Израел биде исклучен без јасни законски и правни основи за тоа - истите аргументи што самата Израелска радиодифузна корпорација (КАН) го користи во своја одбрана.

Во рамките на натпреварот почнуваат да се формираат два табора, бидејќи земјите што го поддржуваат континуираното учество на Израел почнуваат отворено да ги изразуваат своите ставови. Така, две од петте земји од „Големата петка“, Италија и Германија, наводно, инсистираат дека нема да толерираат отстранување на Израел.

КАН тврди дека целосно ги почитува прописите на ЕБУ и ја нагласува својата уредничка независност од израелската влада. Оваа поента беше потврдена од самата ЕБУ во официјална изјава по нејзиното последно Генерално собрание. Овој став го разликува случајот на Израел од случајот на Русија и Белорусија, чии јавни радиодифузери се сметаат за пропагандни алатки на тамошните власти.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот.

притисни ентер