Навивачка на Рома се разбудила од кома,откако ја слушнала видео пораката на Тоти

Навивачка на Рома се разбудила од кома откако нејзиното семејство покрај креветот и пуштило видео порака на најголемиот играч во историјата на клубот, Франческо Тоти.

Така пишува угледната Ла Република. Илениа Матили била навивач на Рома целиот свој живот, и поминала девет месеци во кома по сообраќајна несреќа во декември 2019 година.

„Илениа, не се откажувај, ќе успееш, сите сме со тебе“, наводно рекол Тоти во пораката.

Целото семејство сега сака да му се заблагодари на иконата на Рома и тие го поканија во болницата.

"Вашиот фантастичен глас во комбинација со страста и љубовта што Илениа отсекогаш ја имала кон Рома придонесе за нејзино будење. Нејзината насмевка сега е заразна и нејзините очи се полни со светлина и среќа. Почитуван Франческо, што чекаш? Едвај чекаме да те видиме, Илениа не може да дочека да те види “, гласи пораката на семејството.

Русија: Највисок број на нови случаи од почетокот на епидемијата

Во Русија денес се регистрирани 17.340 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од на новозаразени во еден ден од почетокот на епидемијата.

Во последните 24 часа починале 283 лица со што вкупниот број на жртви порасна на 25.525, пренесе „ТАСС“.

Од почетокот на епидемијата се заразени повеќе од 1,48 милиони граѓани, а досега се излекувале 1,2 милиони.

МВР: 557 санкционирани возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 557 санкции, меѓу кои 93 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 59 мерки за технички неисправни возила, 52 за возење без возачка дозвола, 16 санкционирани мотоциклисти. Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање, а 70 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

ВМРО-ДПМНЕ:Во државата 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари

​Срамно е СДСМ да пушта соопштение и да се фали пред народот дека нивните политики обезбедуваат раст на платите во време на кризата поврзана со КОВИД-19.

Поради погубните политики од месец март односно од почетокот на корона кризата до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи.

Се фалат дека платите растат, а во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари

Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра.

Без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер