Навивачите на Партизан со посебен план пред утрешниот натпревар: Реаловци, ве чека шок - Канал 5

Навивачите на Партизан со посебен план пред утрешниот натпревар: Реаловци, ве чека шок

Кошаркарите на Партизан утре против Реал Мадрид ќе го одиграат третиот натпревар од серијата, а како што се наближува натпреварот сѐ повеќе се појавуваат идеи како навивачите на Партизан да ги пречекаат играчите на Реал по хаосот во Мадрид.

Навивачите на Партизан со посебен план пред утрешниот натпревар: Реаловци, ве чека шок

Тој потег треба да биде порака до Мадрид, но и до Евролигата, чии казни Гробарите ги сметаат за неправедни.

Со оглед на тоа дека се очекува да има дури и инциденти, тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ и претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ апелираа на фер и спортски дух за време на натпреварот. Имаше и предупредување од организаторите дека и најмал инцидент може да предизвика празнење на трибините.

Еден од предлозите е да се испрати порака до мадриѓани, но во исто време да се почитуваат наметнатите правила, е при претставувањето на играчите на гостинскиот тим во белградската арена, наместо свирежи и навреди, да има молк.

Навивачите на Партизан подготвуваат посебна стратегија за мечот со Реал: „Мадрид, ве очекува шок на презентацијата?“, е насловот на текстот во Телеграф во кој е објавена идејата на навивачите. Засега не е официјално дека тоа ќе биде тактиката што ќе ја изберат навивачите на Партизан, но изгледа веројатно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликти

Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и имотни деликти

Денеска (11.08.2026) полициски службеници од ПС БПС Велес, спроведоа сообраќајна превентивна активност, во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината на движење според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за последиците што можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот. И Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Куманово и СВР Штип спроведоа превентивни активности за безбеден сообраќај во Скопје, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Берово и Кочани, со акцент на потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига.

Полициски службеници од ОВР Неготино и Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.

Полициски службеници од СВР Скопје, ОВР Делчево и ОВР Берово во Скопје, Берово и Делчево реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице

Денеска (11.08.2026) во 12:40 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И. (34) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајден револвер и куршуми за него.

По документирање на случајот, против Ф.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер