Навивачите на Норвешка измислија нов начин на навивање на СП- „Викинзите“ го воодушевија светот (ВИДЕО) - Канал 5

Навивачите на Норвешка измислија нов начин на навивање на СП- „Викинзите“ го воодушевија светот (ВИДЕО)

Норвешката фудбалска репрезентација се смета за потенцијален фаворит од сенка, бидејќи има одличен тим со неколку големи ѕвезди како Ерлинг Халанд, Мартин Одегард, Александар Серлот и многу други фудбалери кои играат во најсилните лиги во светот.

Навивачите на Норвешка измислија нов начин на навивање на СП- „Викинзите“ го воодушевија светот (ВИДЕО)

Како што се очекуваше, голем број норвешки навивачи се упатија кон Светското првенство за да го поддржат својот тим во нивната потенцијална кампања против „Божицата“.

Норвешките навивачи се во одлично расположение, а во натпреварот од првото коло против Ирак станаа вистинска сензација во земјата, бидејќи смислија нов начин на навивање.

Имено, како Исланд пред неколку години, сега Норвежаните смислија свој карактеристичен стил на навивање.

Целата навивачка трибина имитираше веслање како Викинзи по зуењето на тапанот.

Навистина, сцената беше феноменална и ја обиколи планетата на социјалните мрежи.

Во првиот натпревар од Група I, Норвешка го победи Ирак со 4:1 и моментално е прва во групата.

Следниот натпревар на Норвешка е против Сенегал на 23 јуни во 02:00 часот, и нема сомнение дека нивните навивачи ќе ѝ пружат голема поддршка на својата репрезентација и на овој натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

​Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.

Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа

Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти.

Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Ова се важни показатели за структурата на растот.

Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност.

За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност.

Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија.

Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард.

И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните.

YouTube video

Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кружен тек на Северен Булевар

Кружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.

Јанчев: Кружен тек на Северен Булевар

Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина.

Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните.

Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово

„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето.

На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните.

При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност.

Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди.

„Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски.

Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер