Навивачите на Лирија се соочуваат со тригодишна забрана за влез во СЦ „Борис Трајковски“ - Канал 5

Навивачите на Лирија се соочуваат со тригодишна забрана за влез во СЦ „Борис Трајковски“

Навивачите на кошаркарскиот клуб Лирија од скопски Сарај може да бидат казнети со тригодишна забрана за присуство на натпревари во арената „Борис Трајковски“.

Навивачите на Лирија се соочуваат со тригодишна забрана за влез во СЦ „Борис Трајковски“



- „Борис Трајковски“ е национална спортска арена и во неа нема место за некој што има други претензии освен спортско и фер навивање. Вечерва од страна на навивачите на Лирија беше децидно прекршен Законот за спорт и Законот за пушење во спортски сали поради што во понеделник пред Одборот ќе предложам навивачката група на Лирија да биде казнета со тригодишна забрана за присуство на натпревари во овој објект, истакна Ратко Капушевски, директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Тој на прес-конференцијата доцна синоќа ги информира присутните дека ваква санкција веќе имаат добиено неколку правни субјекти и верува дека тоа е, како што рече, вистински начин за да се справиме со овој вид на проблеми.

Синоќешните инциденти јавно ги осуди и Македонската кошаркарска федерација.

- Јавно ги осудуваме сите немили настани кои се случија на Куп-натпреварот помеѓу Лирија и Куманово и кои немаат ништо заедничко со спортот. Напорно работевме заедно со клубовите, посветивме сериозно внимание, но сета превенција се покажа дека не беше доволна, соопштуваат од МКФ.

Федерацијата најави ригорозни казни за сите предизвикувачи на следните вакви проблеми.

- Ригорозно ќе се спротиставиме на сите вакви следни проблеми, кои несомнено ќе ги има затоа што живееме во време полно со тензии. Но, нема да потклекнеме и да ја прегазиме кошарката. Спортот е нешто свето и сите ние заедно го градиме со многу труд, енергија и емоции. Арената „Борис Трајковски“ е арена за спорт и ќе остане само за спорт. Секој залутан кој ќе дојде и ќе мисли дека ќе може да ја злоупотреби за други цели, се лаже дека ќе му овозможиме место за егзибиционизам. На секое националистичко навивање, на секое непочитување и навредување на противникот, ќе има празнење на сала, изјавуваат од МКФ.

На синоќешниот дуел од Купот на Македонија меѓу Куманово и Лирија, поради навредливо навивање на национална основа и прекршување на Законот за спорт се случи прекин подолг од еден час и имаше делумно празнење на салата. Натпреварот го доби Куманово со 103:89.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер