Навивачите на Динамо З, носеле секири, молотови коктели, се чека одлуката на УЕФА - Канал 5

Навивачите на Динамо З, носеле секири, молотови коктели, се чека одлуката на УЕФА

Популарните навивачи на Динамо Загреб Бед Блу Бојс- БББ во Атина носеле секрии, молотови коктели....

Навивачите на Динамо З, носеле секири, молотови коктели, се чека одлуката на УЕФА

Натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо З. во Атина може да биде откажан поради хаосот што синиќка го направија навивачите.

„Бед Блу Бојс“ со секири и молотови коктели направија хаос во населбата Нова Филаделфија, во хаотичната ноќе животот го загуби еден навивач на АЕК, а уапсени се стотина хулигани.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) уште минатата недела го забрани доаѓањето на гостински навивачи на дуелот во Атина поради страв од нереди, но навивачите од Загреб, од кои околу 200, дошле во Грција со приватни автомобили.

Поради инцидентите не е исклучено одложување на натпреварот закажан за 20:45 часот на „ОПАП Арена“.

YouTube video

Инаку, уапсени се речиси 100 лица, а осуммина се повредени. Во меѓувреме се огласи Динамо, кој ги осуди немирите на улиците на Атина.

За синоќешниот инцидент меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во Атина, од грчката полиција преку соопштение појаснија дека групата од околу 100-120 навивачи на хрватскиот клуб, заедно со грчки навивачи- соработници стигнале во близина на стадионот на атинскиот тим, каде што биле поддржувачите на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина.

Следеле инциденти меѓу навивачите на двата тима, со фрлање на пиротехнички материјали, импровизирани експлозивни механизми, предмети, камења, а биле користени и импровизирани палки.

Веднаш пристигнала полиција која интервенирала за да се прекинат инцидентите и биле уапсени вкупно 98 лица.

Од полицијата соопштија дека во тек е прелиминарна истрага, а интензивно продолжува истрагата за откривање на дополнителни сторители.

Инцидентите започнале час и половина откако гостинскиот тим го завршил тренингот и го напуштил стадионот

Натпреварот АЕК- Динамо Загреб е закажан за вечерва во рамките на квалификациите за Лигата на шампиони, а навивачите на хрватскиот тим пристигнале со автомобили во Атина и покрај забраната од УЕФА за присуство на поддржувачи на гостинскиот клуб.

Грчките медиуми пишуваат дека во синоќешните инциденти бил убиен 22-годишен навивач на АЕК, кој хрватските хулигани го избоделе со нож

Неофицијално, мнозинството од уапсените се хрватски државјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава.

Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали.

Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете.

Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година.

Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леао во Галатасарај?

Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .

Леао во Галатасарај?

Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб.

Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност.

Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Едно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. 

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс.

„Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос.

Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати.

Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер