Навивачи изнеле ковчег на улица, па „го погребале“ најголемиот ривал (ВИДЕО) - Канал 5

Навивачи изнеле ковчег на улица, па „го погребале“ најголемиот ривал (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Сампдорија испадна во Серија Ц, третата лига на италијанскиот фудбал, за прв пат во својата историја.

Навивачи изнеле ковчег на улица, па „го погребале“ најголемиот ривал (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион и финалист во Лигата на шампионите со години е во финансиски проблеми, а сега го доживеа најголемиот пад во својата историја.

Навивачите на нивниот најголем ривал, Џенова, со радост го дочекаа испаѓањето на Сампдорија, а истата вечер, откако дознаа за ова, создадоа хаос на улиците на градот.

Имаше и бизарни сцени, бидејќи навивачите на Џенова ја „закопаа“ Сампдорија. Изнеле ковчег на улица и ја прославиле елиминацијата на нивниот лут ривал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Во моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга.

Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Синер не му е дозволено да тренира!

Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември.

На Синер не му е дозволено да тренира!

По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен.

Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано.

„Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември.

Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер