Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
2Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
3Влада за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар:Од првиот момент сме во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
3Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
ФудбалНавивач почина за време на финалето на Лигата на нацииЕден навивач се здобил со смртоносни повреди по пад од второто ниво на „Алијанц Арена“ во Минхен синоќа за време на финалето на Лигата на нации меѓу Португалија и Шпанија, објави „ESPN“.Натпреварот не беше прекинат поради инцидентот. - Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатиот навивач. Ова не натера да сфатиме што е важно во животот, рече селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте на прес-конференцијата по натпреварот. Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш, исто така го коментираше инцидентот. - Изразувам сочувство до семејството на загинатиот навивач. Ова ја засенува нашата победа денес. Португалија ја победи Шпанија во финалето на Лигата на нации на пенали со 5:3 (2:2 по основните 90 и дополнителните 30 минути). /МИАТагови: Лигата на нации Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ќе направи ли Мис Бум Бум нова тетоважа со ликот на МесиПоранешната Мис Бум Бум, инфлуенсерката Сузи Кортез, позната како една од најверните и најконтроверзните обожавателки на Лионел Меси, е блиску до исполнување на ветувањето што неодамна го даде. Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело. Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер. „Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, а една од нив е на интимен дел од телото. Сепак, ако Аргентина освои уште едно Светско првенство, ќе исполнам уште едно ветување – ќе направам нова интимна тетоважа во чест на Меси. И бидете сигурни... таа ќе го шокира целиот свет. Сите што ме следат знаат дека секогаш го исполнувам она што го ветувам. Напред, Аргентина!“, изјави Сузи. Поранешната победничка на натпреварот „Мис Бум-Бум“ во Бразил претходно се поврзуваше со контроверзиите околу Жерар Пике. Според нејзините тврдења, таа била меѓу жените на кои поранешниот шпански репрезентативец наводно им испраќал експлицитни фотографии додека сè уште бил во врска со пејачката Шакира. Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамHonda Super EV: Мал електричен автомобилHonda Super EV: Мал електричен автомобил за голема забава. .На традиционалниот фестивал на брзината „Goodwood“ во Англија, Honda го претстави новиот Super EV – мал електричен градски автомобил инспириран од јапонските „кеи“ (kei) автомобили, но со јасен фокус на уживањето во возењето. Со должина од само 3,6 метри и тежина помала од 1,1 тон, Super EV се движи со помош на електромотор со моќност од 64 коњски сили. Посебната функција „Boost“ привремено ја зголемува моќноста на 95 коњски сили, овозможувајќи му на автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за приближно 8,8 секунди. Honda вклучи и неколку интересни карактеристики, како што се симулирано менување брзини преку рачки на воланот и вештачки звук на моторот што го засилува спортското чувство. Британскиот автомобилски новинар Мет Вотсон истакна дека Super EV е еден од најзабавните мали електрични автомобили што некогаш ги возел. Што се однесува до практичноста, Super EV располага со батерија од 30 kWh, која нуди автономија до 206 километри според WLTP стандардот. Со максимален капацитет за брзо полнење со еднонасочна струја (DC) од 50 kW, автомобилот е првенствено наменет за градско возење. Нуди багажен простор со капацитет од 210 литри. Продажбата веќе започна во Обединетото Кралство, каде што почетната цена изнесува околу 22.650 евра, додека датумот за лансирање на другите европски пазари останува непознат, пренесува b92.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛуксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купецЛуксузната вила што светските ѕвезди, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја купија за време на нивниот брак повторно не успеа да најде купувач, иако, според извештаите на американските медиуми, заинтересирано лице веќе имало уплатено капар. Имотот во Беверли Хилс, кој располага со 12 спални соби и 24 бањи, првично беше понуден за 68 милиони долари; подоцна цената беше намалена на 52 милиони долари, а последната барана цена изнесуваше 49,95 милиони долари. Тоа е значително помалку од 60,85 милиони долари што поранешните сопружници ги платија за овој огромен имот во 2023 година. Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално го финализираа својот развод на почетокот на 2025 година, по обновената романса и двегодишниот брак што привлече големо внимание во јавноста. Според извештаите на американските медиуми, Афлек веќе го пренел својот сопственички удел на својата поранешна сопруга, што значи дека приходот од евентуална продажба ќе ѝ припадне нејзе, иако е речиси сигурно дека притоа ќе се претрпи финансиска загуба. Вилата – која меѓу другото располага со базен, терени за кошарка и пиклбол, боксерски ринг, теретана, луксузен пентхаус за гости и паркинг за 80 возила – моментално повторно е повлечена од понудата, па не се знае кога повторно ќе се најде на пазарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook