Наумовски: САД би можеле активно да помогнат во спорот меѓу Скопје и Софија

Добро е што Македонија во континуитет добива поддршка во борбата против корупцијата, но и за евроинтегративниот пат на земјава .

Добро е што Македонија во континуитет добива поддршка во борбата против корупцијата, но и за евроинтегративниот пат на земјава – вака поранешниот амабсадор во САД Васко Наумовски ја оценува посетата на заменик помошникот државен секретар задолжен за западен Балкан, Александар Касаноф. Според него, САД имаат стратешки интерес да го интегрираат регионот, а како земја која има добри односи и со Скопје, но и со Софија, можат активно да помогнат во деблокада на македонските евроинтеграции.

-Секако дека проблемот и пречката што ние ја имаме во процесот на проширување не е во директна надлежност на САД. Но, тие како земја која има добри билатерални односи и со нас и со Бугарија може да го искористат своето влијание и да го постават процвесот на проширување како врвен приоритет и заштитата на заедничктите интереси на ЕУ и на НАТО наспроти индивидуалните интереси на државите,- - Васко Наумовски – Поранешен амбасадор во САД .

Касаноф по средбата со премиерот Мицкоски порача дека македонската влада е искрено посветена на патот кон ЕУ, а САД ќе останат силен поддржувач во рефомскиот процес за целосна интеграција во Унијата.

-Ја гледаме искреноста, не само во тоа што го говори владата, туку и во тоа што го прави и ова е посветеност за европската интеграцијата и реформите кои се потребни за тоа. Ова е нешто што САД го поддржува и ќе продолжи да го поддржува,- - Александар Касаноф – Заменик помошник државен секретар на САД за западен Балкан.

Касаноф сепак, не сакаше да коментира дали ќе има некаква промена на американската политика со промената на администрацијата во САД, но изрази уверување дека до крајот на мандатот на актуелниот претседател Бајден, ќе продолжат со силна поддршка за земјава. Поранешниот амбасадор Наумовски пак, смета дека иако во фокусот на Трамп ќе бидат Украина и Блискиот исток, сепак, се она што го попречува обединувањето на Европскиот континент може да се најде како приоритет.

-Знаеме дека во првиот мандат, претедателот Трамп се посвети на прашањето за Белград и Приштина и верувам дека ако продолжи таа политика за решавање на сите билатерални прашања кои стојат на патот на обединување на ЕУ ќе се најдат како приоритет за САД,- - Васко Наумовски – Поранешен амбасадор во САД.

Покрај евроинтеграциите, во фокусот на средбата Касаноф – Мицкоски биле и владеењето на правото и економскиот развој на земјава. Касаноф потоа на посочи Соединетите Држави борбата против корупцијата ја сфаќаат многу сериозно, но не откри дали ќе има проширување на американската црна листа со нови лица од земјава.

Во Белград нападнати студенти кои ги блокирале факултетите, шестмина пренесени во болница

Седуммина студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот „Студенти у блокади“.

Како што изјавија, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците.

„Една студентка беше турната по скалите и падна на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Брза помош беше пренесена во болница за да и биде укажана прва помош“, напишаа студентите.

По инцидентот непознати лица пристигнале со возила за да ги отстранат доказите од Правниот факултет, велат студентите.

„Според она што го видовме, во делот на работата што ја работиме, тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Ги имаше вкупно седум“, изјави дежурниот лекар од Итна медицинска помош.

Студентите бараат лицата кои ги нападнале нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.

На снимката објавена на истиот Инстаграм профил се гледа како полицијата апси едно лице осомничено за учество во нападот врз студентите.

„Според информациите што во моментов ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шестмина кои учествувале во вечерашниот напад врз студенти“, напишаа студентите во блокадата на Икс.

Во Србија студентите блокираа повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети, барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде на 1 ноември 2024 година се урна настрешница на Железничката станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Ирак и Велика Британија ќе потпишат билатерален договор за безбедност

Ирак и Велика Британија ќе потпишат билатерален договор за безбедност и договор за стратешко партнерство.

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани изјави дека ќе потпише билатерален договор за безбедност и договор за стратешко партнерство со Велика Британија за време на официјалната посета на Лондон, во контекст на историските промени на Блискиот Исток.

Ирак се обидува да избегне да ја врати земјата во зона на конфликт во време на регионални превирања, откако иранските сојузници Хамас во Газа и либански Хезболах претрпеа загуби, а Башар ал Асад беше соборен во Сирија.

Рамнотежата на Ирак меѓу сојузите со Вашингтон и Техеран беше ставена на тест по нападите на ирачките вооружени групи поддржани од Иран врз Израел и американските сили во земјата, по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година.

Ова доведе до неколку меѓусебни напади кои во меѓувреме прекинаа, но некои ирачки функционери стравуваат од ескалација откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

- Ова е дефинитивно важен момент, како за развојот на односите на Ирак со Обединетото Кралство, така и за развојот на (регионалната) ситуација која бара дополнителни консултации, изјави Судани додека патуваше од Багдад за Лондон.

Судани рече дека безбедносниот договор меѓу Велика Британија и Ирак ќе ги зајакне билатералните воени врски по минатогодишната најава дека коалицијата предводена од САД, формирана за борба против Исламската држава, ќе ги прекине своите операции во Ирак во 2026 година.

Исламската држава беше територијално поразена во Ирак во 2017 година и во Сирија во 2019 година, но се уште постои голема загриженост дека би можела повторно да се воспостави во пооддалечените делови на Ирак и да го искористи вакуумот на моќ во Сирија откако исламистичките бунтовници го соборија Асад од власт минатата година.

- Ова е еден од клучните моменти во односите меѓу Ирак и Обединетото Кралство. Би го опишал како почеток на нова ера во односите, рече Судани, зборувајќи за договорот за стратешко партнерство, без да наведе детали.

Ирак претходно потпиша договор за стратешко партнерство со САД, кој имаше за цел да ги прошири односите надвор од воените врски воспоставени по инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година, на која и се приклучи и Велика Британија.

Таа инвазија го собори поранешниот диктатор Садам Хусеин, но предизвика долгогодишно секташко крвопролевање и војна, а потоа и подем на Исламска држава, која масакрираше малцинства и накратко воспостави таканаречен калифат пред да биде поразена.

Насилството во последните години се намали и во голем дел од земјата има релативна стабилност, иако економијата останува силно зависна од јавниот сектор, кој речиси целосно е финансиран од приходите од нафтата, што понекогаш доведува до кризи кога цените паѓаат.

Судан се обидува да ги фокусира напорите за обнова на инфраструктурата оштетена од војна и проширување на врските со западните и арапските држави, додека одржува рамнотежа во односите со соседен Иран, кој поддржува голем број ирачки вооружени групи, но обезбедува и клучни снабдувања со електрична енергија и гас.

Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср со плата од 200 милиони евра

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува шпански „As“.

Според изворот, новиот договор со 39-годишниот Португалец ќе трае до летото 2026 година. Платата на напаѓачот ќе биде 200 милиони евра.

Оваа сезона Роналдо одигра 20 натпревари, постигна 17 голови и три асистенции.

Роналдо направи трансфер во Ал Наср од Манчестер јунајте во 2023 година.

притисни ентер