Наумоски и Туркоглу, некогаш соиграчи сега претседатели на националните федерации - Канал 5

Наумоски и Туркоглу, некогаш соиграчи сега претседатели на националните федерации

Петар Наумоски и Хидајет Туркоглу кои своевремено беа соиграчи во турскиот кошаркарски гигант Ефес Пилсен (сегашен Анадолу Ефес), пријателството и соработката ја продолжуваат на претседателско ниво.

Наумоски и Туркоглу, некогаш соиграчи сега претседатели на националните федерации
Двајцата во улога на претседатели на националните кошаркарски федерации на Македонија и Турција, вчера остварија средба во Истанбул.

Популарниот Пеце, и некогашниот НБА играч Туркоглу разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете федерации.

- Она што го започнавме минатата година со селекцијата на играчи родени 2002 година, и проектот „Заедно до 16 години“ го продолжуваме во една година постарите (играчи родени 2001 година). Оваа наша селекција за прв пат се собра пред десетина дена, а веќе денеска е овде во Истанбул, каде во наредните три дена ќе одигра и неколку меѓународни натпревари. Овој проект е само почеток на соработката која во иднина ќе ја имаме меѓу двете федерации, изјави првиот човек на мак-баскетот, Петар Наумоски, за МИА.

- Додека играмве заедно Пеце беше наш лидер, а убеден сум дека и сега е лидер на македонската кошарка. Улогата е поинаква, претседателската функција бара уште поголема посветеност, но знаејќи ги квалитетите на Наумоски, убеден сум дека тој е вистинскиот човек за оваа финкција и знам дека одново ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат, не штедеше пофални зборови претседателот на турската федерација, Туркоглу за својот македонски колега.


Инаку, Наумоски во Истанбул беше на покана на својот поранешен клуб, Ефес чие раководство сакајќи да му се оддолжи за се она што го стори за клубот како играч, го повлече дресот со број 7, кој го носеше Наумоски за време на неговиот ангажман во турскиот гигант. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мохамед Салах ќе игра во Турција, неговиот агент слета во Истанбул

Агентот на Мохамед Салах, Рами Абас, пристигна во Истанбул, а според најдоверливите турски медиуми, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул е многу блиску до преселба во Бешикташ.

Мохамед Салах ќе игра во Турција, неговиот агент слета во Истанбул

Според новинарот Јагиз Сабункуглу, Салах првично барал плата од 15 милиони евра по сезона, но по преговорите се согласил на 12 милиони. Се очекува Египќанецот да потпише едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Рами Абас, агентот на Салах, пристигна во Истанбул за да ги договори последните детали за трансферот со челниците на Бешикташ. Доколку нема непредвидени проблеми, Салах наскоро би требало да стане новото големо засилување на истанбулскиот гигант.

Салах имаше профитабилни понуди од Саудиска Арабија и МЛС ова лето, но, според турските медиуми, тој одлучи да остане во европскиот фудбал. Бешикташ претходно го доведе Леандро Тросар, па доаѓањето на Египќанецот би претставувало уште еден голем трансфер.

Црно-белите се чини дека не планираат да застанат тука. Турските медиуми објавуваат дека Бешикташ е сериозно заинтересиран и за Ромелу Лукаку, кој е исто така меѓу главните цели на клубот во овој преоден рок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. 

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

Нема крај на нивните лаги.

Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората.

Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори.

ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите.

Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета.

Тие не сакаат ЕУ.

Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале.

Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал.

Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

На плажата Кацадија на грчкиот остров Липси се појави паника кога мала ајкула се приближи на неколку метри од брегот, речиси до песокот.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

Некои пливачи скокнаа од водата во паника, додека други туристи скокнаа од своите лежалки за да го снимат целиот настан на камера.

Видеото ја прикажува како плива во многу плитка вода, недалеку од луѓето на плажата.

YouTube video

Според проценките засновани на достапните видео снимки, кои ги објавува локалниот портал lerosnews.gr, најверојатно станува збор за вид од родот Mustelus, од семејството Triakidae.

Овие видови, познати во Грција како галео, се сметаат за безопасни за луѓето и не претставуваат опасност за пливачите. Иако никој не е рамнодушен кога ќе види каква било ајкула, овој вид ретко покажува агресивно однесување кон луѓето, а не е регистриран ниту еден потврден фатален напад на овој вид врз човек.

Дури и кога се наоѓаат во плитка вода, тие најчесто се дезориентирани или го следат пленот и не им се приближуваат намерно на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер