3Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор
РакометНаумче Мојсовски се враќа на теренот против Татран ПрешовМакедонскиот ракометен шампион Металург новата сезона ја почнува со натпреварот од СЕХА лигата против Татран Прешов во Скопје.По паузата поради повредата добиена токму на дуел од ова натпреварување против Вардар, во тимот се враќа капитенот на Металург Наумче Мојсовски кој пропушти поголем дел од ланската сезона. - Подготвен сум за настап. Во договор со тренерот Лино Червар го пропуштив турнирот во Струга и затоа едвај чекам утре да излезам на терен. Имаме квалитетен состав, со искусни и млади играчи, каде главна цел ќе ни биде успешно да ја минеме групата во Лигата на шампионите и да влеземе во елиминациските натпревари. Сакам да почнеме со победа, но нема да биде лесно, Татран ни создаде големи проблеми во СЕХА-лигата, но ќе дадеме се од себе за тоа да не се повтори и сезонава, истакна на денешната прес-конференција Мојсовски. За тренерот Лино Червар оваа сезона ќе биде почеток на нов проект бидејќи клубот три години од квалификации стигнува до нокаут натпреварите од Лигата на шампионите (двапати и меѓу осумте најдобри), со тоа што оваа сезона ќе бидат прескокнати квалификациите. Затоа борбата останува на сите „фронтови“. - Во Лигата на шампионите ќе биде исклучително тешко, но ќе се бориме и ќе одиме на победа на секој натпревар. СЕХА лигата ќе ни послужи за уигрување. Го поддржуваме овој проект и оваа лига, која секоја година е се подобра, а ќе чекаме и на нивни легитимитет во европски рамки. За домашното првенство можам да кажам само дека го респектираме Вардар, но ќе направиме се титулата да остане кај нас, изјави Червар. Натпреварот Металург – Татран Прешов се игра утре во 20:15 часот и е по барање на СЕХА лига и првакот на Словачка, кој следниот викенд ќе настапува во квалификациите од Лигата на шампионите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец зголемен Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец се зголеми во текот на изминатата недела, бидејќи расте довербата во 60-дневното примирје меѓу САД и Иран, објави „Фајненшл тајмс“. Податоците за поморство од фирмата за следење „Сигнал“ покажаа дека бројот на дневни патувања што се следат во и надвор од Заливот се зголемил на осум на 1 јули, врз основа на седумдневен подвижен просек. Во поголемиот дел од конфликтот, тој број бил само еден или два. Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуниВо текот на месецот јуни, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 6165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улицата Лихнида и во Новоселски пат. На територијата на скопската општина Бутел, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 155 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира и 14 030 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со секојдневно машинско миење на скопските булевари и улици, со употреба на автоцистерни. Седум дена во неделата, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење и миење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45
ФудбалДалиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“ Хрватската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство со пораз од Португалија (1:2) во осминафиналето, а селекторот Златко Далиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата.На прес-конференцијата, тој беше видливо емотивен, истакнувајќи дека неговиот тим не заслужува таков епилог и дека одлуките на судијата оставиле горчлив впечаток. „Прво, им честитам на Португалија и им посакувам многу среќа во остатокот од натпреварувањето. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, но не сакавме да се браниме толку ниско. Успеавме да издржиме без да примиме гол. Во продолжението целосно ја презедовме контролата, создадовме многу шанси и мислам дека не го заслуживме овој резултат. Можам само да им честитам на моите играчи. На претходните две големи натпреварувања имавме малку среќа во одредени моменти“, рече Далиќ. Тој беше особено незадоволен од судењето и од критериумите на судијата за време на натпреварот. „Судењето беше многу лошо. Не ги добивме прекршоците или прекините што ги заслуживме. Сепак, Хрватска загуби и немаме право премногу да коментираме. Жал ми е“, изјави селекторот. Најголемо внимание привлече неговата изјава за иднината на хрватската клупа, која за многумина звучеше како најава за негово заминување. „Она што го постигнавме во изминатите години е неверојатно. Остваривме резултати што долго ќе се паметат и доживеавме многу убави моменти. Мислам дека дојде крајот на една ера. Време е за нови почетоци. Малите двапати направија чудо, но сега не смеат“, рече емотивниот Далиќ, без да потврди дали навистина ќе ја напушти селекторската функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook