НаукаНаучно истражување: Четири клучни возрасти за мозокотМозокот останува во својата адолесцентна фаза до раните 30-ти години, кога го достигнува својот „врв“, покажува ново научно истражување на тим од британскиот Универзитет на Кембриџ. Научниците, притоа, откриле дека мозокот минува низ различни фази во животот, со пет важни „пресвртни точки“ на возраст од 9, 32, 66 и 83 години. Научното истражување е објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications). Околу 4.000 луѓе на возраст до 90 години биле подложени на скенирање на мозокот, со цел да се проследат врските меѓу мозочните клетки. Тимот научници велат дека резултатите би можеле да помогнат да се разберат причините за можноста за ментални нарушувања и деменција и нејзиното варирање во различни точки од животот. Додека мозокот постојано се прилагодува на ново знаење и искуство, според податоците - неговиот развој не следи рамна и рамномерна линија од раѓањето до староста, туку се движи во фази. - Мозокот се поврзува повторно и повторно во текот на целиот живот. Врските постојано се зајакнуваат и слабеат, но тоа не се случува на ист начин - постојат флуктуации и различни фази, изјави водечката авторка, д-р Алекса Моусли, за Би-би-си. Така, петте фази на мозокот се: Детство - од раѓање до 9 години, младост или адолесценција - од 9 до 32 години, зрелост - од 32 до 66 години, рана старост - од 66 до 83 години и доцна старост - по 83 години. Научниците нагласуваат дека овие точки на возраст може да се појават малку порано или подоцна кај поединечни луѓе, но во податоците, овие четири „пресврти“ изненадувачки јасно се издвојуваат. Што се случува во поединечните фази? Моусли вели дека била изненадена од тоа колку добро различните возрасни групи се совпаѓале со важните животни фази - ран пубертет, здравствени проблеми подоцна и големи социјални промени околу 30-годишна возраст, како што е родителството. Детство: Првиот период од животот е обележан со брз раст на мозокот, но и со „проретчување“ на излишните врски (синапси) што се создаваат рано во животот. Во оваа фаза, мозокот работи помалку ефикасно - на пример, детето бесцелно талка низ паркот, наместо да оди директно од точка А до точка Б. Младост: Околу деветгодишна возраст, кај човековиот мозок се случува остра промена - мозочните врски влегуваат во период на т.н. „беспоштедна ефективност“, се вели во написот. Д-р Моусли го дефинира ова како „најдраматична транзиција“ меѓу фазите - кога ризикот од развој на ментални нарушувања е највисок. Адолесценцијата почнува со пубертет, но според новите наводи, завршува многу подоцна отколку што се сметаше претходно - не во тинејџерските години, туку во раните 30-ти. Ова е и единствената фаза во којашто невронската мрежа станува поефикасна, што ја поддржува тезата дека мозочните функции достигнуваат врв на возраст од околу 30 - 32 години. Зрелост: Ова е најдолг и најстабилен период, околу три децении. Промените се случуваат побавно, но насоката се менува: Подобрувањата на вештините постепено почнуваат да бледнеат. Истражувачите забележуваат дека ова се совпаѓа со добро познатото „плато“ на интелигенцијата и развојот на личноста. Рана старост: Транзицијата кон стареењето почнува околу 66-годишна возраст, но не како ненадеен колапс. Напротив, врските меѓу мозочните области се преуредуваат - наместо да работат како единствен систем, мозокот се дели на потесно поврзани „локални групи“, како кога музичарите започнуваат солопроекти. На оваа возраст често почнуваат да се манифестираат деменцијата и високиот крвен притисок, коишто влијаат на здравјето на мозокот. Доцна старост: Околу 83-годишна возраст почнува последната фаза. Податоците за оваа фаза се поограничени бидејќи е потешко да се најдат здрави мозоци за споредба. Промените се слични на раното стареење, но поизразени. Истражувањето не ги дели податоците по пол, што го остава отворено прашањето за разликите меѓу мажите и жените, вклучувајќи го и влијанието на менопаузата. Професорот Данкан Астл од Кембриџ - кој е дел од тимот, нагласи дека многу ментални и невролошки состојби се поврзани со начинот на кој мозокот е „поврзан“. Тој смета дека разликите во тие врски би можеле да предвидат проблеми со вниманието, јазикот, меморијата и низа однесувања. За професорката Тара Спирс-Џонс од Единбург, која не учествувала во научните испитувања, овој научен труд е одличен и јасно покажува колку мозокот се менува во текот на човековиот живот - иако не за секого на иста возраст. Тагови: мозок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter