Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност - Канал 5

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност

Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушењето се ефикасна поддршка за пушачите кои се обидуваат да се ослободат од зависноста од тутунот, покажува нов научен труд.

Научно истражување: Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност

Истражувањето, спроведено од кинески научници, укажува дека ваквите апликации се особено успешни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушењето, но можат да бидат корисни и сами по себе. Експериментот е спроведен на околу 12.800 испитаници опфаќајќи податоци од 31 студија. Резултатите покажуваат дека корисниците на мобилните апликации имале поголема веројатност да престанат да пушат по шест месеци, во споредба со лицата без или со минимална поддршка.

Во комбинација со традиционалните методи за одвикнување, апликациите дополнително ја зголемиле стапката на апстиненција од цигари. Кога биле користени заедно со лекови, се забележало подобрување на резултатите во однос на користење само лекарства, иако авторите нагласуваат дека ова тврдење се темели на факти.

Апликациите засновани на психолошко-бихевиорални теории се покажале поефикасни од традиционалните бихевиорални апликации. Истражувачите наведуваат дека овие алатки можат да им помогнат на лекарите во процесот на одвикнување од пушењето кај нивните пациенти, со потенцијал да станат дел од светските стратегии за контрола на тутунот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Криумчарење, предвидено во член 278 став 2 од Кривичниот законик.

ЈО: Српски државјанин осомничен за криумчарење цигари на ГП Богородица

Осомничениот, преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“ на влез земјава, во камион на српска фирма на која бил сопственик, пренел непријавена стока 5000 штеки цигари од трговските марки “Marlboro”, „Davidoff“ и „Winston“ кои биле ставени во 100 картонски кутии без ознаки.

Вкупната вредност на цигарите е значителна и изнесува околу од 9.000.000 денари. Цигарите се обидел да ги пренесе во камионот, декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати, но помеѓу пријавената стока во приколката царинските службеници во предниот дел и во средината на приколката ја пронашле и непријавената стока која веднаш била одземена.

Јавниот обвинител дo судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!

Крајот на годината е сè пократок, а групните пораки веќе се исполнети со планови за пречек на новата година и можеби малку поинаков декември.

 Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!

Sarah Mace & The Girlzz (вокалниот квартет Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и Сара Мејс) заедно со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, претставуваат нова ЗИМСКА СИМФОНИЈА за македонската јавност.

Годинава, по петти пат, препознатливиот зимски проект, во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации.

Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе сподели повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија.

По успешните турнеи во изминатите години, овој состав за првпат најавува концертно доживување во Македонската опера и балет на 20 декември 2026.

Билетите за концертот во Скопје се веќе во продажба на E-ticket.mk преку следниов линк - https://e-ticket.mk/events/zimska-simfonija-2026-skopje

Годинешниот концертен проект е поддржан од главниот партнер, Пелистерка, кои ја започнаа општествено одговорната кампања за стоп на фемицидот во Македонија.

Воедно, Сара Мејс, во екот на актуелните општествени виулици од вести, во претстојните денови најавува одмрзнување на ново музичко изненадување со снежна порака. За што станува збор, останува да дознаеме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ

Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.

Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ

За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, во придружба на претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Андреј Пленковиќ.

Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави, при што беше истакнато дека Република Хрватска претставува значаен партнер со кој се споделуваат заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот.

Претседателот Гаши информираше дека Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Република Хрватска за стратешка соработка беше разгледан и усвоен од Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, а веќе е предвиден на дневниот ред на пленарната седница закажана за 1 декември, кога се очекува негово донесување.

Во тој контекст, беше оценето дека Договорот претставува основа за унапредување на билатералните односи и продлабочување на партнерството меѓу двете држави, преку воспоставување конкретни форми на соработка во областите на транспортот, енергетиката, економијата, дигитализацијата, здравството, образованието и безбедноста. Исто така, беше истакнато дека Договорот отвора можности за размена на искуства и знаења, при што особено значење беше дадено на користењето на хрватското искуство во областа на европската интеграција и институционалните реформи, како и на можностите за унапредување на економската соработка.

Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Република Хрватска за европската перспектива на Република Северна Македонија. Притоа, беше посочено дека хрватското искуство во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија претставува значаен извор на знаење и искуства, од особена важност за натамошниот напредок на државата во европската интеграција.

Соговорниците ги поздравија и активностите на двете на амбасади насочени кон унапредување на билатералната соработка и тоа на амбасадата на Република Македонија во Загреб предводена од амабасадорот Драган Ѓурчевски како и на амбасадата на Република Хрватска во Скопје на чело со амбасадорката Нивес Тигањ. Двајцата амбасадори беа во постојана придружба во текот на официјалната посета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер