Научно-истражувачки центар „Знаење плус СО2 минус“ на Градежниот факултет - Канал 5

Научно-истражувачки центар „Знаење плус СО2 минус“ на Градежниот факултет

На Градежниот факултет на УКИМ денеска беше отворен научно-истражувачки центар „Знаење плус  ЦО2 минус“ донација од цементарницата „Титан Усје“ АД Скопје со која е реновиран и опремен просторот и се создадени услови за квалитетна настава и истражување

Научно-истражувачки центар „Знаење плус СО2 минус“ на Градежниот факултет

Деканот на Градежниот факултет Јосиф Јосифовски рече дека Центарот е замислен како современ, мултуфункционален камп за едукација, истражување и иновации во областа на одржливото градење и насочен кон одржлив развој и зелена транзиција на градежниот сектор.

-Во него ќе се реализираат наставно-истражувачки активности поврзани со нискојаглеродни градежни материјали, оптимизација на производните процеси, намалување на емисиите на ЦО2, енергетската ефикасност и приемна на принципите на циркуларна економија во градежништвото, рече Јосифовски.

Главниот извршен директор на „Титан Усје“, Константинос Николау, на промовирањето на Центарот изјави дека значајни промени се случуваат во индустријата и дека навременото воведување нови трендови била главната идеја за оваа сорабока меѓу компанјата и факултетот.

-Нашата компанија е меѓу првите која има направено значителни вложувања во принципите на кружната економија, врз чија основа се темели иднината на градежниот сектор, и со нивна примена ги намали емисиите на ЦО2 за 2600 тони, рече Николау и додаде дека иновациите во „Титан Усје“ им ги ставаат на располагање на студентите што ќе го користат кабинетот.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува Центарот да прерасне „во голем и силен иновациски хаб“. Како што рече, тој ќе го спојува „академскиот сектор, бизнис-заедницата и државата во заложбата за создавање кадар кој ќе знае да развива решенија што ја намалуваат емисијата на јаглероден диоксид и да работи според европските стандарди за зеклена транзиција“.

-Оваа соработка е особено значјана зашто е фокусирана на една од областите што со Стратегијата за паметна специјализација е посочена како приоритетна со највисок иновациски и истражувачки капацитет – областа одржливи материјали и паметни згради ... Студентите добиваат можност да ја поврзат теоријата со практиката, да ги направат академските знежаења применливи во реалниот сектор, рече Јаневска додавајќи дека ова е добар пример што очекува да го следат и други компании.

Ректорката на Скопскиот универзитет Биљана Ангелова посочи дека со овој проект студентите ќе може во пракса да ги согледаат реалните проблеми и предизвиците на својата идна проофесија.

-Овој хаб ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието. Треба да бидеме посвесни дека мора да развивавме креативни решенија во кои одржливоста ќе биде основна компонента. УКИМ цели кон тоа во нашите студиски програми и истражувања се повеќе да биде присутна компонентата одржливост, рече Ангелова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Патничките возила Škoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq се повлекуваат од српскиот пазар поради ризик од повреди, беше објавено во системот за брза размена на информации NEPRO за опасни производи.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Повлекувањето се однесува на моделот или моделите Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq на Шкода, а видот на ризикот е: Ризик од повреди, објави Телеграф.

Овој случај е регистриран под број на повлекување 134/2026, од 13.11.2026 година. Категоријата на случајот е повлекување на потрошувачки производи.

На засегнатите возила, навлегување на влага може да предизвика корозија на завртката за монтирање на управувачот. Доколку оваа корозија напредува, монтирањето на управувачот може да биде компромитирано. Ова може да доведе до губење на контролата врз возилото (губење на способноста за управување) и да го зголеми ризикот од повреди на учесниците во сообраќајот.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивниот модел е засегнат од повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот или надлежните институции.

Кај возилата опфатени со повлекувањето на моделот „48LS“, завртката за монтирање на механизмот за управување ќе биде заменета со нова, поотпорна на корозија. На веб-страницата www.skoda-auto.rs/ е можно да се провери, со користење на VIN бројот (број на шасија на возилото), дали возилото е опфатено со повлекувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри

Заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле.

Иран тврди дека во арсеналот имаат разорно оружје- боеви глави од 2 тона и дострел од 1.500 километри

Зборувајќи на погребната церемонија за 110 лица убиени во војната меѓу Иран и Ирак во 1980-тите, позната таму како „Света одбрана“, денеска во Техеран, заменик-командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), генерал-мајор Мостафа Езади, рече дека непријателот директно влегол на бојното поле откако сфатил дека неговите агенти и платеници не се способни да се соочат со Исламската револуција, објави Тасним њуз.

Тој рече дека агресорите се обиделе да го распарчат Иран, да го соборат неговиот политички систем, да го лишат од неговите нуклеарни и ракетни капацитети, да го ослабат Фронтот на отпорот и да ги ограбат неговите нафтени ресурси, како што направија во Венецуела, во обид да го понижат иранскиот народ.

Генерал-мајор Езади истакна дека воените капацитети и одвраќањето на Иран достигнале ниво каде што командантите на ракетните линии на фронтот лансираат ракети со боеви глави тешки два тона на растојание од 1.500 километри, со што ги попречуваат непријателските планови насочени кон безбедноста и моќта на земјата.

Тој додаде дека непријателските бази на копно и море биле подложени на разорни напади од страна на иранските борци, истакнувајќи дека стравот од воените капацитети на Иран ги навел самите противници да признаат дека нивните ракетни залихи и ресурси се значително исцрпени.

Заменик-командантот на ИРГК нагласи дека иранските вооружени сили ќе одговорат веднаш и ефикасно на агресијата и ќе ги натераат напаѓачите да се покаат за своите постапки, во случај на каква било закана, без оглед на нејзиниот интензитет или природа. Тие исто така ќе дејствуваат „без никакви географски ограничувања“ за да ги уништат корените на угнетувањето и ароганцијата, додаде тој.

Изјавите дојдоа откако Врховниот лидер на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, ја нагласи важноста на одржувањето висока борбена готовност и максималното ниво на одвраќање од потенцијални закани. На неодамнешниот состанок со високи воени команданти, Врховниот лидер нареди итен и силен одговор на каква било закана, без географски ограничувања, нагласувајќи дека ако непријателите обноват воени или терористички напади, иранските вооружени сили и народот ќе одлучат кога ќе завршат и под кои услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Светлечкиот меч што го користел Дарт Вејдер во филмовите „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на Џедајот“ е продаден на аукција за 4,87 милиони долари, поставувајќи нов рекорд за колекционерски предмети од серијата „Војна на ѕвездите“.

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Мечот бил користен во познатиот дуел за време на кој Вејдер му открива на Лук Скајвокер дека е негов татко, изговарајќи една од најпознатите реплики од филмската сага: „Јас сум твојот татко“, објави АП.

Аукциите „Херитиџ“, кои ја организираа продажбата како дел од „Ултимативната аукција на Војна на ѕвездите“, соопштија дека тоа е најскапиот реквизит од серијата што всушност бил користен за време на снимањето.

YouTube video

Претходниот рекорд беше поставен во јули, кога светлосниот меч на Скајвокер, заедно со реквизит што ја претставува неговата отсечена рака, беа продадени за 3,75 милиони долари.

Аукцијата вклучува и 27 други светлечки мечеви од „Војна на ѕвездите“, како и предмети од сите девет епизоди од филмската серија и други филмови и телевизиски продукции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер