Научно- фантастична комедија има дури 11 номинации за Оскар (ВИДЕО) - Канал 5

Научно- фантастична комедија има дури 11 номинации за Оскар (ВИДЕО)

Објавени се номинациите за овогодинешното 95-то доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 13 март во Лос Анџелес, а најмногу номинации, односно 11 има филмот Everything Everywhere All At Once.

Научно- фантастична комедија има дури 11 номинации за Оскар (ВИДЕО)

Станува збор за научно-фантастична инди комедија со Мишел Јео и Џејми Ли Кертис во главните улоги, а некои од номинациите што ги доби филмот се оние за најдобро сценарио, најдобра оригинална песна, филм на годината, најдобра главна и споредна женска улога, најдобар костим. Вреди да се спомене дека Everything Everywhere All At Once досега има собрано дури 387 номинации и 259 награди.

Напишан и режиран од Даниел Кван и Даниел Шајнерт, филмот се врти околу кинеско-американската иселеничка Евелин Ванг, која ја игра Микеле Јео, која, патем, е првата Азијка која некогаш била номинирана за најдобра актерка. Во филмот, Ванг открива дека може да се поврзе со други верзии на себе во паралелни универзуми и има задача да уништи моќно суштество кое се заканува да го уништи мултиверзумот.

Во филмот главните улоги ги толкуваат Стефани Хсу, Ке Хуј Куан, Џени Слејт, Хари Шум Џуниор, Џејмс Хонг и Џејми Ли Кертис во споредните улоги, а Њујорк Тајмс го опиша филмот како „виор на жанровска анархија“ со елементи на комедија, филмови од фантазија, боречки вештини и анимација.

Првично, режисерите ја напишале главната улога за Џеки Чен, но подоцна го преработиле сценариото за да одговара на Јео и ѝ ја понудиле улогата. Музиката за овој филм ја направил Сон Лукс во соработка со Мицки, Дејвид Бирн, Андреа 3000 и Ренди Њуман.

Филмот исто така е многу успешен во кината и заработил повеќе од 103 милиони долари и станал првиот филм продуциран од А24 кој надминал 100 милиони долари заработка. Заработил и бројни пофалби за сценариото, режијата, визуелните ефекти, костимот, оригиналноста, кинематографијата, каскадерската кореографија, а посебен акцент бил ставен на добро направената тема на егзистенцијализмот, генерациската траума, нихилизмот, невродиверзитетот и идентитетот на американските Азијци.

YouTube video

Филмот е вклучен меѓу десетте најдобри филмови за 2022 година од страна на Националниот одбор за рецензија и Американскиот филмски институт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер