ЗдравјеНаучно докажано : И мачките може да се заразат со коронавирус Мачките можат да се заразат со новиот коронавирус, а се чини дека кучињата не се подложни на инфекција, според студијата објавена вчера , што ја иницира Светската здравствена организација.Според студијата објавена во средата на веб-страницата на „Science“, и куните можат да бидат заразени со вирусот на болеста Ковид-19 ,САРС-КоВ-2. Кучињата, кокошките, свињите и патките не се веројатно кандидати за инфекција со овој коронавирус, соопштија научниците по двомесечната студија. Целта на студијата била да се открие кои животни се изложени на ризик од заразување на вирусот за да можат да се искористат за тестирање на вакцината за борба против пандемијата Ковид-19, која однесе 90.000 човечки животи низ целиот свет од декември 2019 година, кога се појави во Кина. Се верува дека SARS-CoV-2 се раширил кај лилјаците. Освен неколку случаи на зараза на мачки и кучиња, засега нема докази дека можат да бидат заболени миленичиња. Во неделата, тестирањето покажа дека тигарот во зоолошката градина во Њујорк во Бронкс, кој започнал да кашла и го изгубил апетитот по контакт со заразен чувар, е позитивен за коронавирус. Една студија спроведена во Кина во јануари и февруари откри дека мачките и куните биле многу подложни на инфекција со вирусот кога научниците се обиделе да ги заразат со заразување преку нос. Откриле и дека мачките можат да се заразат едни со други со капки преку дишење. Инфицираните мачки го имале вирусот во усната шуплина, носот и тенкото црево, а мачиња изложени на силно влијание на вирусот имале лезија на белите дробови, носот и грлото. „Откривањето на САРС-КоВ-2 кај мачките треба да се смета како дел од напорите за елиминирање на заболувањето на Ковид-19 кај луѓето“, велат авторите на студијата. Кај куните, вирусот е откриен во горниот респираторен тракт, но не предизвикал сериозни симптоми. Тестирањето на кучиња за антитела покажало дека тие се со помала веројатност да се заразат , како и свињи, кокошки и патки, кои биле изложени на вирусот, но во ниеден случај не биле позитивни за вирусот. „Исто така е интересно и не е премногу изненадувачки со оглед на оригиналната епидемија на САРС во која цибетката (куна) може да биде една од носителите на епидемијата на човечките вируси“, вели Даниел Курицкес, шеф на одделот за заразни болести во Бригам. „Ова истражување ја поддржува препораката луѓето со Ковид-19 да бидат изолирани не само од сите членови на домаќинството, туку и од домашните миленици за да не го пренесат вирусот на миленичиња, особено мачките“, вели тој. Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека сега поблиску ќе ја разгледа улогата на домашните миленици во оваа здравствена криза. Епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове рече дека врз основа на досегашните докази, „нема причина да се верува дека миленичињата играат улога во пренесувањето на вирусот врз луѓето, но луѓето можат да ги заразат миленичињата“. Главниот епидемиолог на СЗО, Мајк Рајан ги повика луѓето да не се одмаздуваат врз животните заради епидемијата што ги погоди луѓето. „Тие се суштества кои заслужуваат да бидат третирани со почит и љубезност. Тие се жртви како сите нас“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44