Научниците збунети од веста за уникатната мисија Фрам2 : Дали е ова трик? - Канал 5

Научниците збунети од веста за уникатната мисија Фрам2 : Дали е ова трик?

Милијардерот Чун Ванг и неговото трио почетници астронаути во моментов орбитираат околу Земјата во прилично уникатна мисија.

Научниците збунети од веста за уникатната мисија Фрам2 : Дали е ова трик?

Како што најавија, спроведуваат „неколку необични експерименти кои ќе го унапредат истражувањето на вселената“. Сепак, експертите се скептични - додека некои се прашуваат што може да се постигне за само неколку дена, други веруваат дека мисијата е „само трик“, а трети сметаат дека лансирањето е првоаприлска шега.

Чун Ванг, малтешки инвеститор во криптовалути и норвешката филмаџика Јанике Микелсен, германскиот истражувач за роботика и поларен научник Рабеа Рог и австралискиот авантурист Ерик Филипс се лансираа во орбитата од вселенскиот центар Кенеди во Флорида на 31 март по локално време, пренесува LiveScience.

Како што е најавено, за време на мисијата наречена Фрам2, која е почит на норвешкиот брод Фрам, кој ги истражуваше Арктикот и Антарктикот, тие први ќе ги прелетаат двата пола на нашата планета и ќе спроведат 22 научни експерименти. Тие се наоѓаат во капсулата Crew Dragon „Resilience“ на SpaceX на Илон Маск, која Ванг ја изнајмил.

- Со истиот пионерски дух на првите поларни истражувачи, сакаме да донесеме нови податоци и знаења за долгорочните цели за истражување на вселената. Проектите на оваа мисија ќе ги подготват луѓето за идните мисии“, рече Ванг.

И покрај бомбастичните најави, научниците не се ентузијасти.

- Ова е приватна мисија, па мора да кажат дека има нешто уникатно и возбудливо во тоа. Интересно е што никој досега не направил вистинска поларна орбита и одлично е што тоа ќе го направи приватна компанија. Мисијата Fram2 е само трик, но не е ниту револуционерна мисија, изјави за Си-Ен-Ен д-р Кристофер Комбс, декан на Колеџот за инженерство и интегриран дизајн на Универзитетот во Тексас во Сан Антонио.

Уште покритичен е д-р Џон Прусинг, професор по воздушно инженерство на Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампејн.

- Нема ништо уникатно за поларната орбита, се преувеличува приказната за научното откритие. Кога требаше да се случи лансирањето на леталото, помислив дека тоа е првоаприлска шега бидејќи се случи на 1-ви април, по универзално време“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

Фиона Томсон, истражувач специјализиран за вселенска етика на Универзитетот Дурам, изјави за LiveScience дека е збунета од маркетинг возбудата.

- Мислам дека не ги разбирам намерите на оние во капсулата, ниту како нивните вештини и професии можат да се искористат за експериментите што треба да ги спроведат. Тврдењето дека ќе отвори простор е претерување бидејќи ова е можност само за привилегираните и за елитата – рече таа.

Најголемиот проблем, додава тој, е што ќе се обидат да извршат премногу експерименти одеднаш и нема да траат доволно долго за да соберат релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

МВР отвори истрага, ДУИ бара оставка од Астрит Исени- двајцата млади му одзеле пиштол на полицаец

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, како и целосно расветлување на случајот со двајца млади на 21 и 23 години, кои тврдат дека биле физички малтретирани од полициски службеници.

Според ДУИ, во интерниот полициски извештај се наведува дека младите му го одзеле пиштолот на полициски службеник. Тие, пак, тврдат дека оружјето завршило во нивното возило откако полицијата го скршила стаклото. Според нивните наводи, службениците пукале со огнено оружје, им ги дупнале гумите на автомобилот, а потоа ги врзале и ги легнале на земја, при што биле малтретирани.

Партијата бара итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и утврдување на одговорност доколку се докаже дека полициските службеници ги прекршиле овластувањата.

„Правата и достоинството на граѓаните не смеат да бидат повредувани од оние чија должност е да ги штитат“, наведуваат од ДУИ, инсистирајќи на целосна институционална одговорност.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека министерот му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Ова следува по објавите дека на 7 октомври во Скопје две лица биле физички нападнати од полициски службеници и дека им бил оштетен автомобилот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за евентуалната одговорност на инволвираните службеници. По завршувањето на проверките ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а јавноста ќе биде известена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку десетмина загинати во пукотница во затвор во Мексико (ВИДЕО)

Најмалку десет лица загинаа, а 16 беа повредени во бунтот што избувна вчера во затвор во мексиканскиот град Мазатлан. 

Најмалку десетмина загинати во пукотница во затвор во Мексико (ВИДЕО)

Насилството ескалираше за време на редовните посети, потврди Секретаријатот за јавна безбедност на државата Синалоа.

Според официјалните податоци, девет затвореници и еден цивил кој бил во посета ги загубиле животите. Сите 16 повредени се затвореници и се префрлени во болница на лекување.

Воспоставена контрола

Локалните медиуми јавуваат дека затворениците користеле огнено оружје во конфликтот. Властите сè уште не објавиле повеќе детали за самиот настан. Федералната служба за безбедност објави дека Националната гарда интервенирала и воспоставила контрола во затворскиот комплекс, во кој се сместени 1.800 затвореници.

Насилството е чест проблем во мексиканските затвори. Многу од нив се преполни и под силно влијание на организирани криминални групи, првенствено нарко-картели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“

Актерката и манекенката 61 годишната  Елизабет Харли предизвика бројни реакции со своите разголени фотографии, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.

Фото: Елизабет Харли позираше без градник: „Како е можно да изгледа вака на овие години?“

Мегапопуларната Лиз Харли повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, овојпат со фотографии на кои позира разголена.

Актерката го промовираше сопствениот бренд за облека, носејќи само гаќички и долга кошула.

Следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите, а многумина не можеа да поверуваат дека британската актерка има 61 година.

- „Изгледаш апсолутно неверојатно“, „Најубавата жена на светот“ и „Безвременска – нема никој како тебе“ – се само дел од комплиментите што ги доби.

Еден следбеник особено се запраша: - „Како е можно да изгледаш вака на твоја возраст?“

Харли често ја покажува својата витка фигура на социјалните мрежи – најчесто во бикини – а претходно откри и како ја одржува формата. Иако вели дека не била во теретана уште од 90-тите години, таа наоѓа можност за физичка активност преку секојдневните домашни обврски.

„Не сум била во теретана уште од 90-тите, но ја одржувам формата преку работа во градината и кастрење на живата ограда. Сепак, бидејќи во Лос Анџелес немам грмушки за кастрење ниту плевел за чистење, одвојувам време за вежби за истегнување“, напиша таа покрај фотографиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер