Научниците збунети: На интензивна нега со коронавирус повеќето пациенти се дебели мажи , зошто? - Канал 5

Научниците збунети: На интензивна нега со коронавирус повеќето пациенти се дебели мажи , зошто?

Меѓу пациентите во единиците за интензивна нега во болниците против коронавирус, преовладуваат дебели мажи. Научниците  сè уште не се сигурни зошто.

Научниците збунети: На интензивна нега со коронавирус повеќето пациенти се дебели мажи , зошто?

Она што започна да се појавува како модел во Кина, доби потврда од болниците во Европа и САД.

„Повеќе мажи отколку жени имаат сериозни проблеми со коронавирусот и се повеќе дебели отколку слаби“, изјави Дерек Хил, професор по медицинска радиологија на Кингс колеџ во Лондон.

Досега, статистичките податоци од единиците за интензивна нега во Велика Британија го потврдуваат овој феномен: 73% од пациентите се мажи и 73,4% се со прекумерна тежина.

Покрај тоа, дебелите мажи имале помала веројатност да заздрават кога биле во критична состојба.

Околу 42,4% од пациентите со индекс на телесна маса (БМИ) од помалку од 25 се опоравени и пуштени на домашно лекување, споредено со 56,4% од оние со индекс поголем од 30.

Одделите за интензивна нега во француските болници исто така имаат „многу висок процент на пациенти со прекумерна телесна тежина“, рече специјалистот по интензивна нега Матие Шмит од болницата Пити-Салпетрије во Париз. „Три четвртини се мажи“.

Слично е и во Њујорк.

„Би проценил дека мажите сочинуваат 80 проценти од пациентите кои се згрижени на интензивна нега“, рече лекарот Хани Сбитани, кој лекува пациенти со Ковид-19 во болница во Бруклин.

Зошто Ковид-19 толку многу влијае врз мажите? Експертите велат дека е рано да се заклучи.

„Досега тоа е само набљудување“, изјави Жан Франсоа Делфреси, кој го предводи научното советодавно тело на француската влада за коронавирусот.

„Сè уште немаме објаснување. Јас сум многу понизен кон овој вирус. Немавме слушнато за него до пред три и пол месеци и сега се соочуваме со многу непознати“, рече тој.

Некои експерти сметаат дека не е машката ранливост што ја прави разликата, туку женската имунолошка сила.

„Природниот имунитет кај жените е подобар, особено пред менопаузата“, рече Пјер Денобел, шеф на одделот за инфективни болести на универзитетската болница во Тулуз.

Ејмс Гил, професор на Медицинскиот факултет Ворвик, вели дека засега единствена теза е дека жените имаат поагресивен имунолошки систем, односно поголема отпорност на инфекција.

„Друго е дека мажите едноставно не се грижат толку многу за своето тело. Меѓу нив има повеќе дебели, алкохоличари и пушачи“, рече тој, додавајќи дека одговорот може да биде во комбинација на биологијата и однесувањето.

Ова особено загрижува во САД , каде што 42 проценти од возрасните се дебели, според Центрите за контрола и превенција на болести, кои предупредуваат дека луѓето со БМИ поголема од 40 се изложени на зголемен ризик за потешка форма на Ковид-19.

„Загрижени сме за нашите американски пријатели. Тие веројатно ќе имаат повеќе проблеми со дебелината“, додаде професорот Делфреси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер