Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци
2Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ТехнологијаНаучниците збунети: Извор во вселената емитува над 1.600 сигнали за 47 дена Научниците, по анализа на податоците од еден извор на брзи радио бранови, откриле дека во 2019 година емитувала 1652 сигнали во опсег од само 47 дена.Брзите радио -рафали (FRB) се една од најфасцинантните мистерии во космосот. Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат 500 милиони пати повеќе енергија од Сонцето и траат помалку од трепкање на окото. Една од најважните карактеристики на овие сигнали е дека тие се краткотрајни и непредвидливи. Обично се појавуваат одеднаш на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повторувачките FRB, односно кога тоа не е само еден интервал туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците. Некои од рекурентните FRB се појавуваат периодично, во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци. Но, експертите од гореспоменатиот FRB (FRB 121102) не забележале периодичност, што значи дека неговиот извор можеби не е ротирачки компактен објект, како магнетар - неутронска sвезда со исклучително силно магнетно поле, пишува Science Alert. Ова значи дека може да има повеќе од еден механизам зад овој вид радио бранови и дека е потребна дополнителна анализа за да се разбере за што станува збор. FRB 121102 е еден од најактивните радио бранови. Астрономите, поради неговата фреквенција, успеале да го лоцираат неговиот извор и да го стават во џуџеста галаксија оддалечена 3 милијарди светлосни години од нас. Овој FRB не само што е неверојатно активен, туку има и свој циклус: активен е 90 дена, а потоа неактивен 67 дена, односно не емитува сигнали. Затоа научниците внимателно го следеле FRB 121102 и откриле дека помеѓу 29 август и 29 октомври 2019 година, тој емитувал 1652 индивидуални сигнали. Највисоката стапка била 122 за еден час, што е највисоко ниво на активност што некогаш регистрирале. Поради големата количина на податоци, експертите успеале да направат статистичка анализа на активноста на изворот. Откриле дека рафалите можат да се поделат во две категории - со поголема енергија и со ниска енергија. Ако изворот на овој FRB е магнетар, односно ако е предизвикан од механизми од површината на неутронска sвезда, празнењата ќе се појавувале периодично, како светлина од ротирачки светилник. Но, научниците не снимиле таков сигнал во FRB 121102, што значи дека магнетарите можеби не се единствениот извор на брзи рафали. Во списанието „Nature“е објавена студија наречена „A Bimodal Burst Energy Distribution of a Repeating Fast Radio Burst Source “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во ЕвропаПостои потенцијал за нови инвестиции и развој на авиосообраќајот и туризмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и зголемен прилив на странски туристи. Тој потенцира дека Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа со раст од 40 проценти на патници во доаѓање во авиосообраќајот, како и значителен раст и на бројот на туристи, што дополнително го потврдува потенцијалот за развој на нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции во туристичката инфраструктура. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата. “Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски. „Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации. Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта. Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво. На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе. View this post on Instagram A post shared by The Guardian (@guardian) Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“. Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“? „Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци. Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарциЦентарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти. За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината. Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook