Научниците збунети – Чудна ѕвезда се изгаснала за само неколку дена - Канал 5

Научниците збунети – Чудна ѕвезда се изгаснала за само неколку дена

Во текот на претходните пет години една далечна ѕвеЗда светна со постојабн сјај , за последните неколку дена целосно да потемни.

Научниците збунети – Чудна ѕвезда се изгаснала за само неколку дена

За само два дена ѕвездата загубила 70 % од нејзиниот сјај, а потоа повторно се врати на вообичаениот сјај. Астрономите ја проучуваат оваа појава се крајно збунети и немаат соодветна теорија. научниците од проектот All-Sky Automated Survey for Supernovae (ASAS-SN) секоја ноќ ја следеле ѕвездата со 24 телескопи низ целиот свет.

Минатиот викенд на 1. јули забележале дека сјајот на ѕвездата ASASSN-V J213939.3-702817.4 наеднаш опаѓа. Оваа ѕвезда е 3,4 пати поголема од нашето Сонце , а од нас е оддалечена 3590 светлосни години.

До 3. јуни ѕвездата потемни за 70%. Потоа повотно почна да сјае и до 5. јуни се врати во првобитната состојба.

Единствено можно решение е дека пред ѕвездата поминало нешто огромно , што се движело цели два дена, но астрономите не знаат што би било тоа и колкаво огромно би требало да биде тоа небесно тело за да ја прекрие огромната ѕвезда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати!

Освојувањето на Светското првенство им носи бројни награди на фудбалерите, но подарокот што го добија Фабијан Руиз и Гави е секако еден од најнеобичните.

За светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати!

Двајца членови на шпанската репрезентација беа наградени со количина домати што одговара на нивната телесна тежина.

Руиз и Гави се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилјафранка – место јужно од Севиља со помалку од 40.000 жители – каде што во средата им беше приреден свечен пречек во градското собрание.

Фудбалерот на „Пари Сен Жермен“, кој беше стартер во финалето против Аргентина, и играчот од средниот ред на „Барселона“ се појавија со златни медали околу вратот, а беа пречекани од градските власти и голем број навивачи.

За да го прослават својот успех, Руиз и Гави застанаа на вагата за да се одреди количината на подароци.

Резултатот беше:

Фабијан Руиз – 85 килограми домати

Гави – 68,5 килограми домати

Локалните власти наведуваат дека оваа традиција станала „заштитен знак на општината“ кога станува збор за оддавање чест на врвни спортисти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Градскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик.

Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Невремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. 

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата.

Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер